По киксовите против Барнли и Саутемптон со кој одигра 1:1, Манчестер Јунајтед славеше против Брајтон и изби четврти на табела. Во напад работата ја заврши португалското дуо Роналдо - Фернандеш, а на гол извонредниот Давид Де Хеа кој во 39-та минута се фрли како мачка и спаси чист гол.