Де Хеа не им чинеше на Олд Трафорд, а во Фиорентина е јунак

Само пет дена откако му спречи голчиште на Дибала, Давид Де Хеа одновно блесна и ја спаси Фиорентина и тоа во судиско. Хит е Шпанецот во Италија.

Манчестер Јунајтед направи кардинална грешка што се откажа од шпанскиот голман кој беше незаменлив на голот 12 сезони.

Со неговите 33 години, искусни за голман, кој допрва има што да покаже, Де Хеа брани како луд во Серија А.

Фиорентина ја совлада Џенова на гости со 0:1, а Де Хеа се истакна со импресивна одбрана во 91-ва минута и не дозволи израмнување, со што заслужено беше прогласен за играч на натпреварот.

Тој е прв во лигата по процент на успешни интервенции со 82% или во просек со 4,1 одбрани по натпревар.

Има две одбрани во 90+, три пати го сочувал голот несовладан, а Фиорентина нема пораз на шест меча во низа и се наоѓа на четврта позиција на само -2 до второпласираниот Интер.

Минатото коло му спречи гол од слободен удар на Дибала, а на Милан му одбрани два пенали. 

 
1 ноември 2024 - 08:19