Викендов беше сериозно пеналџиски луд. Во Шпанија на дуелот Жирона - Атлетик Билбао (2:1), домашниот голман Пауло Газанига од Аргентина одбрани дури три пенали! Во Германија во втора лига се направија два аматерски пенали.
Во Фиренца шпанскиот голман Де Хеа правеше шоу и е најзаслужен што Фиорентина го победи Милан со 2-1.
Одиме со ред.
Прво во 22’ минута судијата досуди пенал за Фиорентина на барање на ВАР собата откако Тео Ернандез при обид да исфрли една топка, го поткачи фудбалерот на домашните кои му се поткраде од позади. Пеналот го изведе Моизе Кин а Мењан му го одбрани.
Милан доби пенал во 45+1’ минута но Де Хеа му го фати шутот на капитенот Тео Ернандез. Потоа во 56-та минута Тејму Ајбрахам доби шанса од нов пенал но Де Хеа и нему му го одбрани.
На крајот со головите на доскорешниот играч на Милан Јасин Адли и Гудмундсон, Фиорентина славеше 2-1. Единствениот погодок за росонерите го даде Кристијан Пулишиќ.
🔒🇪🇸 David De Gea’a 2 penalties saves against Milan yesterday
— Italian Football TV (@IFTVofficial) October 7, 2024
It’s the first time a goalkeeper saved multiple penalties in the same match over the last 9 years!
pic.twitter.com/LTq4p0gHt7
Давид Де Хеа (33) по заминувањето од Манчестер Јунајтед каде бранеше долго време, цела година беше без клуб. Откако потпиша со Фиорентина, летово во плејофот за пласман во Лига на Конференции ги спаси во пенал серија со унгарскиот тим Академија Пушкаш и тој е најзаслужен што влегоа во еврокуп.