Газанига одбрани пенал и пред неколку дена во мечот против Феенорд (2:3) во Лига на шампиони така што на само 2 меча има 4 одбранети пенали што е рекорд.
Парадите против Билбао ќе се паметат уште долго.
Голманот на Жирона им ги одбрани пеналите на: Беренгер во 28’ минута, на Ињаки Вилијамс во 58-ма минута а овој пенал се изведе повторно зошто судијата на барање на ВАР собата проценил дека играчите прерано влегле во шеснаесетникот. Повторениот пенал го изведе Ерера но Газанига и тој му го одбрани.
Пауло Газанига беше втор голман во Тотенхем од 2017 до 2021 и често беше резерва и не бранеше. За Аргентина има два настапи. Сега веќе две сезони е во Жирона, екипата од Каталонија која лани направи големо изненадување, заврши на високо трето место и се квалификуваше за Лига на шампиони за првпат во својата историја.
3 одбранети пенали на Фиорентина - Милан, Де Хеа фати два
Два пенали на ист натпревар во Германија, глупави од невидени размери