Второлигашкиот меч во Германија меѓу Магдебург и Гројтер Фирт, ни носи два пенали за неверување, по еден на двете страни.
Најпрвин се истакнаа гостите на ист начин како Корач од Војводина, нешто што денеска веќе не може ниту во маало да се види.
Вториот пенал е уште понереален и од прва не можевме да сфатиме зошто е досуден, бидејќи прекршокот е надвор од шеснаесетник.
Но од второ мотање на снимката сконтавме дека судијата всушност дава предност и не ја прекинува акцијата, а еден од играчите на Магдебург ја фаќа топката со раце, мислејќи дека веќе е досуден фаул.
Судијата свири пенал за играње со рака. Циркуз.