Ако некој подзаборавил кој беше МВП на ланското финале од ЛШ во Келн нека го види финишот од дерби пресметката меѓу актуелниот првак на Европа, Магдебург и европскиот првак од 2022-ра, Барселона. Готов беше мечот да заврши без победник бидејќи истекуваа последните секунди, но феноменалниот Гисли Кристјансон ја презеде одговорноста и го торпедираше Де Варгас за победа и делирум во салата. Барселона и Магдебург се на прва и втора позиција во група со идентичен скор од 11 победи и 2 порази.