ОПЦИЈА БРОЈ 1
И покрај киксот со Брајтон дома 1:1 и трите бода разлика од четвртопласираниот Тотенхем, сепак за Топџиите има некакви шанси на крај да завршат четврти. Нивната бодовна разлика на едно коло до крај изнесува 3 бода, а Арсенал сам си е крив што сега не е математички трет јер имаше многу реални шанси за тоа.
Но во последните четири кола тие наредија недозволиви киксови и освоија само еден единствен бод. Загубија дома од Кристал Палас, па на гости од Вулверхемптон и Лестер, а ремизираа дома со Брајтон. Паралелно и Тотенхем направи лоша серија во овие четири кола, но барем еднаш победи и затоа сега е трет. На гости загуби од Сити и Бурнмут и дома од Вест Хем, но Брајтон го тепаше 1:0.
Тотенхем има 70 бода, а Арсенал 67, но и подобра гол разлика, а тоа е +28 наспротив +20 на Арсенал. За да го освојат четвртото место во последно коло треба да се случи чудо кое треба да изгледа вака:
Барнли - Арсенал 0:4 и Тотенхем - Евертон 0:4. Во тој случај и двете екипи би имале ист број на бодови и иста гол разлика. Потоа на сцена настапува правилото на број на постигнати голови. Арсенал сега има 70, а Тотенхем 65, што значи така Арсенал би бил четврт.
ОПЦИЈА БРОЈ 2
Оваа опција изгледа многу полесна или поточно пореално остварлива, затоа што во овој случај Арсенал не зависи од никој друг, туку од самиот себе. Победникот од Лига Европа обезбедува директен пласман во групната фаза од Лига на шампиони, што значи на 29 мај во Баку ќе биде познато дали Арсенал следна сезона ќе биде дел од елитата.
Ако слави Челси кој веќе има обезбедено учество во ЛШ преку Премиер лига, тогаш никој нема да има привилегија од тој пехар да лапне пласман во ЛШ. Правилото да му отвори место на петтиот на табела во првенство не постои.
Победникот од ЛЕ да оди директно во ЛШ следната сезоната како правило се донесе во сезоната 2014/2015, а до тогаш се одеше во плејофот. Во сите четири досегашни сезони прваците од ЛЕ профитираа и тоа два пати знаете кој?
Унаи Емери како тренер на Севиља. Прво во сезоната 2014/2015 како петтопласиран во Ла Лига, а следната сезона како седмопласиран. Во сезоната 2016/2017 тоа беше Манчестер Јунајтед со Мурињо, а ланска сезона Лион.
Францускиот стратег за 19 дена ќе ја има по трет истата прилика, но овој пат со Арсенал кој ќе мора да ја добие тешката лондонската пресметка против Челси.