Главен хаштаг на францускиот твитер деновиве е #HatemChampion. Минатиот викенд ПСЖ го прегази Монако со 7:1 и официјално стана првак на Франција на пет кола до крајот.
Во целото славје многу од фудбалерите и стручниот штаб заборавија дека играчот од средниот ред Хатем Бен Арфа ќе добие златен медал со останатите само ако влезе на терен да заигра макар една минута.
Бен Арфа своевремено важеше за најголем талент на европскиот фудбал, бисер на француската школа кого повредите го спречија да го покаже својот раскошен потенцијал.
Кога повторно заигра одлично, клубот од Париз реши да го доведе но таму левоногиот Хатем не заигра ниту еднаш поради проблем со главниот тренер Унаи Емери. Навивачите го сакаат, но не и тренерот Емери.
Бен Арфа ја започна кариерата како суперѕвезда - беше лидер на репрезентацијата на Франција U17 која што го освои Европското првенство 2004. На 17 години дебитираше во првиот тим на трофејниот Лион и го постигна првиот гол во францускиот Куп. На 20 години играше за најдобрата репрезентација на Франција.
Во генерација на Бензема, Насри и Менез тој важеше за најталентиран од сите.
Патот кон врвот му го спречи тешка повреда на коленото која првпат ја доживеа на 23 години и пред се поради склоност кон конфликтите. Скандалозно заминуваше од Лион и од Марсеј, пропушташе тренинзи, бараше трансфер, се караше со тренерите.
Пред две години откако кариерата му беше пред крај, тој се врати во Ница и одигра неверојатна година. Толку беше добар што во 2016-та го бараа Милан, Ливерпул, Челси па дури и Барселона.
Изненадно, како што правеше голем дел од кариерата, Бен Арфа ја избра Сеивља и за малку не потпиша договор со неа. Во последен момент се предомислил и тргнал кај Унаи Емери во ПСЖ (тогаш уште без Нејмар и Мбапе), состав со страшни ѕвезди во него.
И тогаш му се вратија проблемите. Минатиот август во 2017-та играше како стартер во Супер Купот против Лион и го даде првиот гол. А веќе во септември лани Унаи Емери не го ставаше во составот на четири меча по ред и го напаѓал на тренинзи: „Ти не си Меси. Да беше Меси немаше ништо да ти кажам. Ти не си способен сам да освоиш една топка“.
Во февруари годинава Бен Арфа на глас им се жалел на помошниците на Емери а од март веќе не доби шанса да го види теренот. Во јуни минатата година тој барал 6 милиони евра за раскин на договорот но го одбиле.
Последниот меч за ПСЖ Хатем Бен Арфа го играл на 5 април 2017 година. Парижаните тогаш победиле третолигаш во Купот на Франција со 4-0 а Бен Арфа постигнал 2 гола и имал 1 асистенција. Џабе му било затоа што сезонава не влезе на терен ниту во Купот ниту во првенството иако „Светците“ низ целата сезона имаа преку 10+ поени предност.
Сега навивачите бараат кога веќе клубот стана шампион Хатем да заигра барем малку за да се води дека и тој освоил титула на Франција.