Таг: хатем бен арфа

Кога Бен Арфа бил пресреќен што има ракавици од Зидан

Деца на куп следат тренинг на Франција и пробуваат да стигнат до некој реквизит од големите ѕвезди. Хатем Бен Арфа ги лапа ракавиците на Зидан. Толку е возбуден што во еден момент ги мириса, а потоа за да е раат ги става под клуч во шкаф. На видеото се појавува и Турам.

Хатем Бен Арфа, дами и господа

Рен одигра 3-3 на гости кај Анжер, а Бен Арфа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите техничари во последните 100 години. Даде два гола, од кои едниот беше после лионелмесиевска акција.

Бен Арфа - фудбалерот кој е уживање да се гледа

Хатем е еден од оние ликови кои фудбалот го имаат во мал прст, ама не им се игра на голема сцена, туку за „помала публика“. По авантурите во Њукасл, Лил и ПСЖ, си го најде гнездото во Рен со кој ќе игра осминафинале на Лига Европа против Арсенал. Дечкото е цар.

Хатем Бен Арфа како некогаш

Откако во ПСЖ не му дадоа ни трошка време да покаже што знае, мајсторот на фудбалската игра сега во Рен ужива на теренот.

Стави го една минута да поигра или нема да освои титула

Некогаш најталентиран француски фудбалер на својата генерација, а сега најдобар другар со клупата за резерви. Поради конфликт со главниот тренер Унаи Емери, Бен Арфа не виде зелен терен со месеци.

Дриблинг на колото кој исфрли 5 души од игра

Французинот Бен Арфа со два пенали во второ полувреме направи целосен пресврт за победа на Ница над Анжер од 2:1. Пеналите беа за бодови, а ова другово за аплаузи.

Хатем Бен Арфа и пречекот во Ница

По неколку години лутање, некогашниот најголем талент во Европа, Французинот Хатем Бен Афра се препороди во дресот на Ница. Екипата има три победи по ред, а Бен Арфа постигна пет гола по ред со две асистенции. Минатиот викенд, Ница го прегази Сент Етјен 1-4 на гости, по што навивачите ги пречекаа во транс кога се вратија во Ница и бараа прв да излезе нивниот миленик.

Бен Арфа би играл фудбал и на Северен пол

Некогашниот најголем талент на францускиот фудбал и потенцијален наследник на Франк Рибери остана без клуб, откако ФИФА не го одобри неговиот трансфер во Ница.

Тренери и фудбалери што се пред бркање од клубовите

Во водечките лиги во Европа викендов се играат последните кола пред зимската пауза. Во некои од тие лиги има играчи и тренери што ќе ги уживаат празниците, а има и такви што сериозно ќе размислуваат за својата иднина во друга средина.