За големиот македонски талент кој уште во градинка го покажал својот силен удар пишувавме лани. Ја дрибла цела одбрана, ги полни мрежите од разни позиции, а неговата главна играчка за разлика од неговите врсници е фудбалската топка. Ренато Амет беше на проба во Вардар и доби пофални зборови од Александар Васовски, а веќе тренита година се кали во во школата на ФК Мондано каде го викаат „нашето злато“.