Денес можеби е невозможно да ги купиш Азар или Гризман на Фудбал Менаџер или да ги купуваш најголемите таленти кои ќе растат заедно со клубот и ќе му носат победи во иднина.
Токму тие вундекинд таленти од разни серии го направија Чемпионшип (подоцна Фудбал) Менаџер така популарен.
Еден од првите такви таленти кои можеше лесно да ги донесеш на Менаџер 01/02, и тоа кога уште никој не го знаеше Фреди Аду, беше Черно Самба. Секој кој почнувал да игра Менаџер на почетокот на 2000-те го знае овој играч. Следствено на тоа се поставува прашањето од каде во Самба такви вселенски карактеристики и зошто го сметале за таков талент?
Дали поради тоа што на 13 години дал 132 гола на 33 меча за младинската академија на Пекам од Лондон? Или просто Самба бил како и секој Африканец, физички најснажен меѓу соиграчите.
Детето во реалниот свет, надвор од видео игрите го приметило Милвол и го викнал кај нив. Тој во младинската школа на „Лавовите“ од Лондон се изнадавал голови па за него пишувале во весник а наводно го барале Манчестер Јунајтед и Ливерпул. Дури постои анегдота дека и Мајкл Овен лично му ѕвонел на Самба кога тој одел со школскиот автобус дома и го викнал да им се придружи на мерсисајдците.
„Иако навивав за Јунајтед, дојдов во базата на Ливерпул и одма сфатив дека тоа е идеално место да продолжам да се развивам“, вели Самба.
Но Милвол барал неверојатни за тоа време - 2 милиони фунти. Секако дека сметале дека за него после некое време може да заработат уште повеќе.
И добро, ако го имаме сево ова предвид, зошто Самба не станал ѕвезда? Одговорот е: затоа што неговите врсници пораснале и физички и ментално а Самба престанал доминантно да расне. Притоа немал некоја посебна техника, ни силен шут, ни тактички бил дисциплиниран. Го барале само зошто бил многу снажен.
„Дејвид Бентли се жалеше што не можел да си дозволи да ме купи на Менаџер. Двајцата се смеевме“, се сеќава Самба 18 години подоцна.
На 17 години Черно Самба заработил илјадници фунто од Nike. Оваа компанија дури и му подарувала ваучери а тој си купил кола Пежо. Но ефикасноста му паѓала се пониско и пониско.
Самба играл за сите младински селекции на Англија. Не дал ни еден гол. Никогаш. Дури не заиграл ниту за првиот тим на Милвол. Но ако ја прашате пола Европа кој е најпознатиот играч што играл за Милвол, многу ќе ви одговорат: „Черно Самба“.
На крај од краиштата самиот Черно е виновен. По неуспешниот обид во Ливерпул тој паднал психолошки. Признл дека фудбалот не е сам 90 минути. Фудбалот според него е колку си дисциплиниран и колку правилен однос имаш кон животот.
За жал него никој не му објаснил а тој бил млад за да разбере.
Договорот со Милвол му завршил а клубот не сакал да му го продолжи. Черно Самба заминал на проба во шпански Кадиз, таму го повредил менискусот па отишол на позајмица во Малага Б. И по некое време почнал да дава голови па Јан Холовеј го викнал во својот Плимут.
Но наскоро познатиот англиски тренер отишол во Лестер а Самба одново на позајмици - шетал од клуб во клуб во Финска, Грција и Норвешка. Неговиот живот битно се разликувал од тоа што го следело во јуниорските денови. Како помлад можел да проарчи многу пари на нова кола, да и бира стан на мајка му и слично.
Во еден момент заиграл и за репрезентацијата, но не на Англија туку на родната Гамбија од каде семејството имигрирало во Ватфорд. За три години кариера во репрезантација дал еден гол:
После три години во норвешкиот Тонсберг (втора лига), Самба не можел да најде ангажман никаде и после три години ја завршил кариерата.
Денес Самба работи како тренер.
„Ги учам младите играчи и им помагам да ги избегнат страста и искушенијата кои ги чекаат. Им кажувам дека јас сум идеален пример како не треба да се прави“.