17 години, висок 219 см, се планира за прв пик во НБА

Виктор Вембанјама е името кое стои на врвот на сите тефтери на НБА скаутите и потенцијален прв пик на драфтот во 2023-та. Ова чудо од дете потпиша договор со францускиот евролигаш АСВЕЛ чиј сопственик и претседател е Тони Паркер.

 

Вембанјама претходните две сезони ги поминал во Нантер и третолигашот Пол Франсе. Во ноември лани го имал дебито во Еврокуп со 5 постигнати поени, 4 блокади и 2 асистенции з 17:29 минути. Минатата сезона одиграл 18 меча во прва лига за Нантер и имал по 6,8 поени и 4,7 поени за 16.9 минути во просек на теренот.

Да го видиме: