Таг: виктор вембанјама

Виктор го здроби шампионот со 17 поени за 3 минути, Јокиќ промаши шут за победа

На само еден натпревар до завршувањето на регуларниот дел од сезоната, Денвер Нагетс неочекувано загуби од претпоследниот Сан Антонио и ја загуби челната позиција во Западот.

Виктор Вембанјама извиси, ѕвезда во подем е Бенедикт Матурин

По пауза од 39 години, Индијанаполис е домаќин на традиционалниот годишен спектакл во НБА, а тоа се Ол стар игрите кои викендов се одржуваат по 73-ти пат.

Виктор Вембанјама направи уникатен трипл дабл со 10 блокади

Сан Антонио Спарс се последни на табела во Западот и конечно успеаа да победат со историска партија на дебитантот за која зборува цела НБА.

Доминацијата на Вембанјама на 17 години

Првиот пик на драфтот во НБА, Виктор Вембанјама денеска полни 20 години. По тој повод ФИБА објави куса компилација од негови потези на Светското У-19. Противниците му се тргаат кога оди на забивање, што е сосема логично. А што може да му направат на ваков стап?

Што ако е 224 см висок, а јас 188, има преку него да ја забијам

Мемфис Гризлис го доби Сан Антонио Спарс со 106:98. Забавата за публиката ја приреди кој друг ако не Џа Морант, кој дрско и храбро успеа да ја забие преку Виктор Вембанјама. Разликата во висина е 36 см.

Јокиќ ги растури Спарси и првиот пик на драфтот

Денвер Нагетс ја прекинаа серијата од два порази по ред со триумф над Сан Антонио од 132:120. Никола Јокиќ го повтори личниот сезонски рекорд на поени.

Спектакуларно забивање на првиот пик на драфтот со лева рака

Сан Антонио Спарс го совладаа Феникс Санс со 115:114 и тоа после негатива од 20 поени во третата четвртина. Клучен човек за пресвртот беше Келдон Џонсон со 27 поени, но сите зборуваат за 19 годишниот Виктор Вембанјама кој го залепи на постер, 208 сантиметри високиот центар на Феникс, Дру Јубакс, а претходно се слободи од Кевин Дурент.

Трема на денот

Првиот пик на драфтот Виктор Вембанјама е висок 226 см и не треба многу да скока за да ја закуца. Младичот поради кој во НБА деновиве владее голема еуфорија, го облече дресот на Сан Антонио, ама првите снимки клубот изгледа ќе ги избрише.

Го прашаа Виктор дали би го добил Мајкл Џордан еден на еден на 60 години

19 годишниот Виктор Вембанјама (226 см) против 60 годишниот Мајкл Џордан (198 см). Првиот пик на драфтот за 2023-ра смета дека искуството нема шанси со младоста.

Еуфорија во Тексас, Спарси на 40 степени го пречекаа Вембанјама

19 годишната француска сензација слета во Сан Антонио како прв пик на драфтот за 2023-та, а со негово доаѓање очекувањата во таборот на Спарси се големи. Го сметаат за наследник на Тим Данкан и суперталент кој може да испише нова историја за клубот.

Како помина НБА драфтот?

По пауза од 26 години Сан Антонио Спарс за прв пат бираа први, а изборот очекувано падна на долго најавуваната сензација Виктор Вембанјама, кој има само 19 години и е висок 223 см.

Се сретнаа Мбапе и Виктор кој заврши кај Грег Попович

Француската сензација Виктор Вембанјама ја следеше драфт лотаријата во НБА со семејството и пријателите. Џек потот го доби Сан Антонио Спарс кој прв ќе го бира првиот пик после 1997-ма кога го одбра Тим Данкан. 219 високиот Французин доби поддршка и од Килијан Мбапе кој инаку е висок 178 см. Погледнете го видеото за да сфатите зошто пишуваме колку се високи.

17 години, висок 219 см, се планира за прв пик во НБА

Виктор Вембанјама е името кое стои на врвот на сите тефтери на НБА скаутите и потенцијален прв пик на драфтот во 2023-та. Ова чудо од дете потпиша договор со францускиот евролигаш АСВЕЛ чиј сопственик и претседател е Тони Паркер.