На натпреварите на „Претстојните ѕвезди“ во првата ноќ од Ол стар викендов, кошаркарите беа поделени во четири екипи, предводени од Џејлен Роуз, Детлеф Шремф, Пау Гасол и Тамика Кечингс како тренери.
Се играше по системот „кој прв до 40 поени“ во полуфинале и „кој прв до 25“ во финале.
За тимот на Пау Гасол настапи првиот кандидат за дебитант на годината, Виктор Вембањама, кој загуби во полуфиналето од тимот на Шремф со 41:36.
Во финале тимот на Роуз го совлада тимот на Шремпф со 26:13 и го освои турнирот.
A #PaniniRisingStars-leading 22 points from @BennMathurin helps Team Jalen win the 🏆
— #NBAAllStar (@NBAAllStar) February 17, 2024
He wins #PaniniRisingStars MVP at his home arena! pic.twitter.com/wslG8NW31t
МВП титулата отиде во рацете на Бенедикт Матуринго, кој е домаќин на Ол стар викендот. Канаѓанецот одигра одлична партија во полуфиналето и постигна 18 од 40-те поени на својот тим.
Ол стар викендот продолжува ноќта меѓу сабота и недела со натпреварот во вештини, брзи тројки и атрактивни забивања.
Новитет е воведувањето на дуелот за шутирање три поени меѓу најдобриот шутер во НБА и најдобрата во женската ВНБА лига. Тоа се Стеф Кари и ѕвездата на Њујорк Либерти, Сабрина Јоанексу.