Уникатни фотографии во Париз меѓу највисокиот и најнискиот кошаркар

Виктор Вембанјама е висок 222 сантиметри, а Јуки Тогаши 167 сантриметри. Најнормално е да помислите дека некој си играл во монтажа, ако не ги знаете фактите за овие двајца.

31 годишниот Јуки Тогаши кој игра во јапонското првенство е 11 години постар од ѕвездата на Сан Антонио Спарс, а е 55 см понизок.

Значи 222 см vs 167.

Париз беше сведок на ретко видени кошаркарски дуели меѓу нив двајца кои привлекоа големо внимание и во медиумите.

Што се однесува до крајниот епилог на мечот, Франција за влакно не се соочи со изненадување и се вадеше дури во продолженијата во кои триумфираше 94:90, со што се пласираше во топ 8.

Интересно Јапонците на 10 секунди до крај имаа предност од +4, но Франција со тројка и дополнително слободно фрлање се избори за продолжение.

Вембанјама го заврши мечот со 18 поени, 11 скока и 6 асистенции, а Тогаши со 3 поени, 1 скок и 1 асистенција.

 
31 јули 2024 - 11:43