Вембанјама го уништи Далас со епски дабл-дабл од 52 поени и 24 скока

Француското чудо од дете, Виктор Вембанјама, одигра натпревар за паметење. Постигна рекордни 52 поени во драматичната победа на Сан Антонио Спарси против Далас Маверикс од 112-111.

НБА лигата синоќа беше сведок на апсолутна бруталност на теренот. Вембанјама со своите 22 години, не само што го урна сопствениот рекорд по број на постигнати поени во кариерата, туку испорача статистика која звучи како да е извадена од видеоигра.

52 поени, 24 скока, 8 блокади и 2 украдени топки со шут од поле 16/28 и 19/23 од линијата за слободни фрлања.

Со овој учинок, Французинот стана првиот кошаркар по повеќе од 50 години кој на еден натпревар запишал најмалку 50 поени, 20 скока и 5 блокади. Единствениот на кој му успеало ова во историјата е Боб Мекаду во далечната 1974 година.

Тој стана и првиот играч во историјата кој во само едно полувреме (првото) имал најмалку 25 поени, 10 скока и 5 блокади. 

Спарси водеа и со 19 поени разлика, но Маверикс предводени од Кајри Ирвинг (29 поени) успеаја да направат комплетен пресврт во второто полувреме.

Во финишот, токму ладнокрвното слободно фрлање на Вембанјама го донесе клучниот поен за победа. Далас го имаше последниот напад за триумф, но Ирвинг промаши тежок шут преку Деарон Фокс со звукот на сирената.

Со оваа победа, Сан Антонио ја продолжи победничката серија на шест натпревари по ред.

5 ноември 2026 - 08:31