Малиот Били Боби има двајца идоли, Мануел Ноер и Икер Касиљас и за едно 15 години, а веројатно и помалку нема воопшто да биде изненадување ако ја достигне нивната слава.
Детево има импресивни квалитети за негови години, а неговата голманска моќ во видеа на јутјуб ја закачува неговиот татко.
Со 7 години веќе е добитник на неколку признанија, а сними и една реклама. Со право го нарекуваат „мини Ноер“, а од следната сезона во својата академија ќе го има Минхен 1860.
Доволни се овие 30 секунди за да сфатите што квалитети има во него.
А ова е видеото кое е блиску до 5 милиони прегледи.