Само еден погрешен пас, погледнете што може да донесе и тоа на центар на игралиште во 88 минута. Еврогол за најавни шпици на Тор Јакобсен и 3 бода за Минхен 1860 на гостувањето против Арминија Билефелд.
Ако некој мисли дека во Германија е намален апетитот за фудбал поради слабиот настап на Мундијалот, тотално се лаже. Кајзерслаутерн сезонава е третолигаш за прв пат во историјата со 40.000 навивачи кои одат на стадион.
Имаат историја која трае точно 158 години, титула во германското првенство во 1966-та и армија на навивачи која не прашува каде и со кого играат, туку палат патиките за викенд и правец на стадион. Минхен 1860 на гостување во Нирнберг.
Во четвртиот ранг од хиерархијата на германскиот фудбал се постави нова рекордна посета: мечот Аугзбург II - Минхен 1860 го гледале 21.219 гледачи што е незамислива посета за многу други големи европски лиги.