Се работи за инцидент меѓу навивачи на двете екипи од Минхен кој се случил минатата година и во кој тројца фанови на Минхен 1860 нападнале навивач на Баерн и му ги украле дресот и капата.
Судијата ги прогласил навивачите за виновни и наместо да ги казни со 15 месеци затвор им одредил друг вид на казна. За да се спасат од затвор тие требале да влезат во официјалната продавница на Баерн, да купат дрес, капа и шал и да му ги дадат на ограбениот навивач.
„Размислував што би можело да ги боли повеќе“, изјавил судијата.
Навивачите потрошиле 100 евра за опремата, а на навивачот на Баерн Минхен му платиле уште 500 евра за претрпената болка.