Вториот тим од Минхен минатата сезона играше во 2. германска лига, но по испаѓањето не собрале доволно средства за да уплатат учевство во трета лига. Поради тоа ги преместиле во уште понизок ранг, во регионалната лига на Баварија.
Минхен 1860 тамо играл уште кон крајот од 80-те и почетокот на 90-те години така што верните навивачи на овој клуб се навикнати. А мечот со Аугзбург (вториот тим на Аугзбург, првиот е во Бундеслига) е големо дерби на оваа регија. После мечот низ градот имало и инциденти па морала да интервенира и полицијата.
На крајот преполниот стадион имаше и што да види затоа што паднаа пет гола а Аугзбург славеше 3:2.