Феликс стана најмладиот играч во историјата кој постигнал хет-трик во Лига Европа (има 19 години и 152 дена).
Кстати, за «Бенфику» играет будущий Криштиану Роналду. Его зовут Жоао Фелиш – и вот его хет-трик
— Матч ТВ (@MatchTV) April 11, 2019
Начинай топить за парня сейчас, чтобы потом не назвали глором:https://t.co/iJhoIKxaC5 pic.twitter.com/kkRnXJQ9RW
После третиот гол, неверојатниот Португалец заплаче од среќа додека преку 55.000 гледачи го скандираа неговото име. Сезонава има дури 15 гола на 36 меча иако игра како полушпиц, а не класичен центарфор.
Можно е досега да не сте слушнале за Феликс, но европските топ клубови веќе одамна знаат сè за него.
Над успесите на Жоао најмногу пати Порто, клуб во чија академија растел овој бисер на португалскиот клуб, каде дошол на 10 години од родното градче Визеу, 120-километри оддалечено од клупската база на Порто. Но таму немале многу слух и сенс за него и не добивал играчко време. На „Драгао“ решиле дека тој е физички слабичок за да стане голем фудбалер.
Поранешниот капитен на Порто, Родолфо Реиш рекол: „Сакам да земам дрвена палка и да го треснам по глава тој што го отпуштил“.
Од Порто се правдале дека се работи за пари, затоа што Бенфика наводно му понудила многу повисока плата. Така тврдел тренер од младинската категорија на Порто, извесен Бин. Од Порто тој оди во анонимниот клуб Падроенсе каде што го докажува својот талент, па Бенфика не чека многу и го откупува неговиот договор.
„Орлите“ од „Луж“ сфатиле дека тој ќе се развива само ако добие целосна слобода и многу играчко време. На 16 години го ставиле во вториот тим на клубот, Бенфика Б и тој станал најмладиот дебитант во историјата на португалската втора лига. Сезонава дебитирал во Супер лигата со сениорите, а сега за него зборува цела Европа.
Во Бенфика Жоао игра втор напаѓач во формацијата 4-4-2, односно зад класичниот шпиц во нападот. Стандарден првотимец станал дури во јануари а во моментов има 10 гола и 4 асистенции за 1.259 минути игра во првенството. Бенфика неодамна му го продолжила договорот до 2023 година и му ја зголемила платата.
Неверојатни настапи имал и против Порто и Спортинг во дерби дуелите каде постигнал 3 гола. Против Спотинг на 25 август 2015-та влегол од клупата во 71’ минута додека губеле 0-1, пред крајот постигнал убав гол и станал најмладиот стрелец во историјата на градското дерби (имал 18 години, 9 месеци и 16 дена).
Верувале или не, Феликс уште нема дебитирано за сениорската репрезентација на Португалија, иако вреди повеќе од 100 милиони евра според transfermarkt.com. Но тоа е прашање на време. Тој бил на поширокиот список за мартовските дуели во квалификациите за Европско 2020 против Украина и Србија.
Во неговиот договор откупната клаузула чини 120 милиони евра што подразбира дека за помалку нема да може да го купи никој.
По медиумите се вртат информации дека двата клуба од Манчестер, како и Ливерпул се спремни да дадат многу за него. Во редот чекаат уште и Арсенал, Баерн, Барселона и Реал (според Correio da Manhã Бенфика веќе одбила 70 милиони евра од Јирген Клоп и Ливерпул).
Во интервју за Marca, Жоао рекол дека шпанската лига му се допаѓа повеќе од англиската премиер.
Според последните информации, за 19-годишниот Феликс сериозно загризал и Јувентус. As i Sky Sport Italia пишуваа дека директорот Фабио Паратичи зборувал со агентот на играчот, Жорже Мендеш и со претседателот на Бенфика Луис Фелипе Виеира.
Кристијано Роналдо неодамна бил на големото лисабонско дерби кога Феликс постигна гол, заработи пенал и го прогласија за играч на мечот. После дуелот, потпретседателот на Бенфика Руи Гомеш (екс Милан и Фиорентина) рекол: „На стадионот беше најдобриот играч на Португалија. Мило ми е што Роналдо дојде да го гледа Жоао“.
Во интервјуто за Marca, Феликс рекол и дека идол цел живот не му е Кристијано туку Кака и Руи Коста („млад сум да памтам како играл, но сум гледал премногу видеа од него“). Голем љубител на играта на Жоао е и легендарниот Тиери Анри:
„Кога Жоао ќе направеше нешто посебно, Анри постојано ми покажуваше видео и викаше: „Голема грешка направивме што не го приметивме порано малиов. Ќе биде голема ѕвезда“, раскажал поранешниот помошник на Анри во Монако, Жоао Траљао.
Во шумата позитивни и убави коментари, се нашол и еден цреп кој дал мизерна изјава. Се работи за поранешниот стопер на Јувентус, Жорж Андраде кој рекол:
„Да играв јас уште, ќе му скршев нешто. После тоа веќе немаше да има никаков Жоао Феликс“.
Овие зборови ги здивеле навивачите на Бенфика, а Андраде се жалел во полиција дека добил смртни закани по својот и животот на семејството.
Покрај Феликс, уште еден млад кандидат од школата на Бенфика, 21-годишниот Рубен Диаш е мета на многу топ клубови меѓу кои први отворено зборувале Јувентус и Манчестер Јунајтед. Освен нив двајца, Сити е заинтересиран за левиот бек Алекс Грималдо, така што Бенфика претстојново лето уште еднаш може да го потврди приматот за клуб со најголема заработка од продажба на талентирани играчи во поселдните 100 години.