Барселона го совлада Кадиз со 0:1 во 31. коло од Ла Лига. Мечот го реши Жоао Феликс со ножички, а во истиот момент ја добивме веројатно најсрамната и најбедна глума оваа сезона. Погледнете ја реакцијата на играчот со број 20. За лице се држеше, па дури и падна на земја. Каква несреќа од играч.
На многу натпревари викендов паднаа многу голови. Меѓу мајсториите кои можеа да се видат, она што не се пропушта е потегот на Жоао Феликс со кој Барселона поведе на гостувањето против Бетис на 2:3. Префинет мајсторлук и елеганција има во ваквите погодоци.
Чави тргна во одбрана на титулата, за која уште на старт доби офанзивен напад од Реал кој стартуваше со 4 од 4. Скоро денар не потрошија, а донесоа големи имиња.
Големото засилување на Стемфорд бриџ ќе сака што побрзо да го заборави првиот меч за Челси. Само што го облече синиот дрес направи непромислен старт, вреден чист црвен картон.
Жоао Феликс и Кака многу наликуваат еден на друг, како по физички изглед, така и по играта на терен. Бразилецот беше суптилен техничар, права милина за гледање, а Португалецот денес оди по неговите стапки. Кој е на сликата со маска?
Напаѓачот на Атлетико Мадрид секако е играч на мечот против Салцбург бидејќи по негатива од 1:2 им ја сврте со два комада, но постои ли играч кој не би жалел за ова? Сите ќе зборуваат за овој спектакл кој вака ќе остане заборавен.
Двајцата го предводат пеколниот напад на Португалија. Роналдо е 15 години постар, има 35, Феликс 20, па знае понекогаш да му удри една заушка како постар брат. Особено ако направи слаб потег.
Министерства за економија и финансии во некои држави не работат како што оперира португалскиот гигант. Ај што заработуваат вреќи пари од продажба на врвни играчи, туку и плански трошат, не се расфрлаат со пари и се во неверојатен плус во последните 5 години.
Португалецот во моментов е најозборуван фудбалер во шпанската лига. На пред-сезонските натпревари правеше дар-мар, а растури и на првиот меч во Ла Лига. Дечкото е магија.
Иако Атлетико не важеше за клуб кој фука по толку многу пари за еден играч, сепак Жоао Феликс им е исклучок вреден 120 милиони евра од редовите на Бенфика. Детево, родено 99-та, има страшен голгетерски инстинкт. На Јуве му даде два комада за 9 минути. И двата јаки голови на прва.
Атлетико Мадрид искешира 120 милиони евра за најголемиот европски талент во моментов, а малиот Жоао Феликс веќе почна да ги исплаќа парите. Синоќа Атлетико со 7-3 го згроми Реал Мадрид а Жоао му беше главен асистент на Диего Коста кој даде 4 гола. Феликс и самиот постигна погодок.
Атлетико Мадрид плаќа 120 милиони евра за најголемата надеж на португалскиот фудбал и најголемиот талент во Европа во моментов кој има само една сезона сениорски фудбал и затоа овој трансфер е големо изненадување.
Една камера на тренингот на Бенфика сними опасен влез на младиот Жоао Феликс кој му одигра еден на еден на голманот на страшен начин. Штета што не го снимиле дриблингов од поблиску, бидејќи не можеме да го сконтаме од што е јак.
Екстра талентот на Бенфика, Жоао Феликс кој збрца три комада во ЛЕ има само 19 години, возраст на која некои уште собираат топки зад гол. Но во таа улога се наоѓа неговиот помал брат Хуго со кој Жоао заедно викендов прослави гол и му го исполни срцето. Плус уште пола тим влета кај малиот. Многу убава сцена.
19-годишниот Жоао Феликс е главна ѕвезда на четвртфиналето во Лига Европа. Просто сам го совлада Ајнтрахт (4:2) со три гола и асистенција за 53 минути игра.
Со три гола и една асистенција на Жоао Феликс, најбараниот млад играч во Европа во моментов, Бенфика го победи Ајнтрахт и му ја прекина серијата од дури 14 меча без пораз.