На стадионот „Ванда Метрополитано“ се одвива револуција, а Диего Симеоне вели дека на екипата ѝ претстои тежок период на промени кои тој ги чека со нетрпение. „Тоа е предизвик за мене“, вели Чоло.
Симболот на промени е рекордниот историски трансфер на Жоао Феликс од Бенфика за кого Атлетико платил 126 милиони (120 за договорот на играчот и 6 за разни менаџерски страни).
Претходниот клупски рекорд Атлетико го направи со трансферот на Тома Лемар за кого платија 85 милиони евра. Парите за Жоао Феликс им стигнаа од неколку трансфери: 85 милиони добија од продажбата на Лука Ернандез во Баерн Минхен, уште 96 милиони овој месец би требало да заработат од евентуалниот трансфер на Гризман (дел од 120-милиони евра тешкиот трансфер ќе земе и Реал Сосиедад).
Минатата сезона младиот Жоао Феликс беше неверојатен. Ја играше првата сезона во сениорски фудбал и на 43 меча постигна 20 гола (во првенството на Португалија само тројца играчи дале повеќе голови) и имал 11 асистенции.
Entra em campo aos 54', faz isto 6 minutos depois: foi assim a estreia de João Félix com a camisola da Seleção, há dois anos. Boa sorte no novo desafio, João! #TodosPortugal pic.twitter.com/6wyzc2KJUD
— Portugal (@selecaoportugal) July 4, 2019
Феликс го одигра мечот на сезоната против Ајнтрахт Франкфурт во 1/4 финалето од Лига Европа кога постигна три гола и стана најмладиот стрелец на хет трик во ЛЕ.
На почетокот на сезоната која заврши, Жоао Феликс добивал по 10-15 минути пред крајот од мечот, а знаел да врати за довербата и тоа на најдобар можен начин: на првиот домашен настап постигнал гол против лутиот ривал Спортнг пред 65.000 гледачи!
Бенфика губела 0:1, па тренерот го викнал Жоао да влезе во игра.
„Огромна бука имаше на стадионот. На пет минути пред крајот настана лудница. Не сум напаѓач но тргнав напред. Во 86’ минута Рафа Силва одлично пројде по левата страна и центрираше. Ја се најдов на право место и дадов гол за 1:1. Не памтам што се случуваше потоа. Памтам само како спикерот на стадионот викаше: „Голот го даде играчот со број 79, Жоао...“ а цел стадион загрме „Феликс“! Тоа беше најубав момент во мојот живот“, раскажува новиот играч на Атлетико Мадрид.
Интересно, Жоао Феликс одигра само една сезона сениорски фудбал во Бенфика при што стандардно играше во првиот состав од јануари кога Бенфика остана без тренерот Руи Виторија на чие место дојде Бруно Лаже (до тој момент работел во Бенфика Б).
„Историски Атлетико купува млади играчи кои се во процес на развој. Така беше со Облак, со Хименез, со Ернандез и Гризман. Ние бараме млади таленти кои се способни да ги спроведат нашите идеи“.
Во Бенфика Жоао Феликс играше втор напаѓач (полушпиц) во формацијата 4-4-2. Формално тој настапуваше со истурениот центарфор Харис Сеферовиќ, а на теренот има улога на плејмејкер. Тој е универзален и може да игра и крило.
Атлетико Мадрид по заминувањето на Гризман најде фудбалер со слични карактеристики кои ќе може да игра со Коста или Алваро Мората (па дури и со двајцата).
Единствено нешто на што Симеоне ќе треба да обрне внимание е играта во одбрана на малиот Жоао Феликс, затоа што одбраната е клучен елемент на аргентинскиот тренер. Во февруари Кристијано Роналдо дошол да го гледа во живо дербито на Лисабон кога Феликс даде гол, заработи пенал и беше прогласен за играч на натпреварот.
После мечот, потпретседателот на Бенфика Руи Гомеш да Силва рекол: „На стадионот беше најдобриот играч на Португалија. Мило ми е што Роналдо дојде да го гледа“.