Вторпат во оваа деценија се случува на еден фудбалски натпревар една екипа да победи со 10-0. Во сезоната 2010/2011 ПСВ Ајндховен со таков резултат го прегази лутиот ривал Феенорд, а синоќа Бенфика 10 пати броеше против Насионал. Во Португалија одново ќе има интересна трка за титулата затоа што Порто е прв со само 1 бод повеќе од Бенфика која има 50 и 2 бода повеќе од Брага која има 49.