Капиталецот на скаутите на Порто

Камерунскиот змеј од Драгао

Да се игра шпиц во Порто е права чест во последните години, затоа што од таа позиција голманите ги матираа Хулк, Фалкао и Џексон Мартинез. Ловците од Драгао сега имаат нов капиталец - Венсан Абубакар.

Хулк, Радамел Фалкао и до скоро Џексон Мартинез имаа златни периоди на Естадио до Драгао, а славниот член на Примеира Лига се соочи со голем предизвик да најде нов бисер за кој подоцна ќе се грабаат европските гиганти.
 
Задачата беше поставена: Да се идентификува напаѓач кој ќе може да ги носи копачките на Џексон Мартинез, откако Колумбиецот замина во Атлетико Мадрид. Иако не беше фален како Хулк или Фалкао, Јужно-Американецот дури три пати по ред ја освои Златната копачка за најдобар стрелец во ибериската земја.
 
Вкупно 67 лига голови на 89 натпревари е достигнување на центарфор за кој тешко се наоѓа замена, но почетокот на сезоната го покажа спротивното. Порто во составот веќе имал фудбалер кој ќе се испостави како идеална замена за Џексон Мартинез.

Венсан Абубакар лани му се придружи на Порто од францускиот Лориен за само 3 милиони евра и беше претставен како замена за Џексон Мартинез. По заминувањето на Колумбиецот во Мадрид, Камерунецот сега е прв избор за бројот 9 и тој врати за тоа со одличниот старт на сезоната.
 

Абубакар даде четири голови на првите пет натпревари и одигра клучна улога во триумфот на Порто против главниот ривал за титулата Бенфика. Африканецот даде два гола и во Лигата на шампионите минатата недела, кога со два гола му донесе на Порто голем бод Киев (2-2).

23-годишниот центарфор одигра клучна улога и во репрезентацијата на Камерун во квалификациите за Африканскиот Куп на нации и на пријателските средби, каде постигна девет голови на 10 натпревари од јуни досега и одлично го замени Самуел Ето. Абубакар имаше импресивни оцени во последните години во Франција, а минатата сезона даде 16 голови за ограничениот тим на Лориен во француската Лига 1.
 
Фактот што Порто го свртел интересот од Јужно-американскиот кон африканскиот пазар го прави трансферот на Абубакар уште поинтересен. Змејовите од Драгао се непобедливи после пет натпревари во Примеира Лига, а целта е да се прекине двогодишната доминација на Бенфика. Во тоа голема улога треба да одигра новиот бисер од Драгао - Венсан Абубакар.