Едерсон не одиграл во татковината Бразил ни еден меч. На 15 години дошол во младинците на Сао Пауло а после една година го земала Бенфика. Кога станал полнолетен, бразилскиот голман дебитирал во сениорскиот фудбал но во третолигашот Рибеирао каде Бенфика буквално го пуштила бесплатно.
А таму, во трета лига, Едерсон бранел феноменално па следувал премин во прволигашот Рио Аве.
За Рио Аве, Едерсон бранел три сезони (37 меча во првенството, 43 примени гола, 11 меча на нула) и му помогнал на скромниот клуб да влезе во финалето на Купот (загубија од Бенфика) и на тој начин да се пласира во Лига Европа.
Откако гигантот од „Луж“ ја увидел грешката, за 500.000 евра откупл 50% од правата на голманот (30% останале на Рио Аве, а 20% за агентот Хорхе Мендеш). Во новиот договор со него, Бенфика ставила откупна клаузула од 45 милиони евра. Едерсон веднаш го „фрлиле во оган“ како никој претходно. Во Бенфика веќе имаше добар голман - вистина не баш младиот Жулиио Цезар, па Едерсон почнал да брани во Лига Купот, а на останатите мечеви седел на клупа и учел од неговиот ментор и сонародник.
Така било до крајот на сезоната, но во март 2016-та Бенфика ја снашла лавина повреди. Целата одбрана на чело со голманот Цезар била повредена, освен Линделоф. Се ближеле календарски дербито со Спортинг и дуелот со Зенит во Санкт Петербург во 1/8 финалето на ЛШ.
Тоа бил ѕвездениот момент за Едерсон Мораеш. И на двата меча Бенфика победи - со Спортинг 1:0 а со Зенит 2:1. Набрзо против Дортмунд му одбрани пенал на Обамејанг и се прослави. Остатокот од сезоната 2015/2016 Едерсон ја минал како првотимец, па така ја почнал и новата сезона.
Во штотуку завршената сезона, на 27 меча од првенството на Португалија примил само 12 гола а дури на 18 дуели не примил гол!
Со таков голман Бенфика четврти пат по ред стана шампион на Португалија, а сезонава го освоија и Купот. Манчестер Сити го приметил Едерсон пред една година, но наследник на Џо Харт тогаш стана Клаудио Браво. Кога станало очигледно дека Браво не се снаоѓа во Англија, интересот за Едерсон Мораеш се обновил.
Преговорите почнале уште во март, а Едерсон на 2. јуни потпиша договор со Манчестер Сити. „Граѓаните“ го платија 40 милиони евра, а 23-годишниот стана втор најскап голман во историјата на фудбалот. Поскапо платен од него е неприкосновениот Буфон за кого Јуве на Парма и плати 52,88 милиони евра. Џиџи тогаш исто имаше 23 години.
По спокојството Едерсон потсетува на Мануел Ноер, а важи за голман кој не е линијаш туку знае да истрча и да боксува.
Еве зошто важи за најдобар млад голман во светот: