Младиот италијански фудбалер ја сфатил грешката, но веќе било доцна затоа што португалскиот клуб пред време му ги спакува куферите за пат назад во Рим.
Луд меч со дури 5 гола одиграа Брага и Виториа Гимараеш во Португалија. Во првите 45 минути паднаа 4 погодоци од кои оној на домашниот играч Тринкао за 2-2 во 42' минута се гледа неколку пати.
19-годишниот Жоао Феликс е главна ѕвезда на четвртфиналето во Лига Европа. Просто сам го совлада Ајнтрахт (4:2) со три гола и асистенција за 53 минути игра.
Бенфика синоќа со 0-4 го совлада Мореиренсе на гости и по триумфот над Динамо во Лига Европа, се врати на првото место во домашното првенство каде има исто бодови како и Порто - по 66. Овој меч го одбележа еден чуден момент по центаршутот на Оачерија.
Вторпат во оваа деценија се случува на еден фудбалски натпревар една екипа да победи со 10-0. Во сезоната 2010/2011 ПСВ Ајндховен со таков резултат го прегази лутиот ривал Феенорд, а синоќа Бенфика 10 пати броеше против Насионал. Во Португалија одново ќе има интересна трка за титулата затоа што Порто е прв со само 1 бод повеќе од Бенфика која има 50 и 2 бода повеќе од Брага која има 49.
Мислевме дека на Италијанците и Грците им нема рамни кога треба да седнат и на “цивилизиран“ начин да дебатираат во спортска емисија. Тоа е затоа што не сме ги виделе Португалците. Дика ун, дика ун, дика ун. Зајде човекот.
Уште еден производ на плеадата талентирани португалски тренери. Воспитаник на стариот Жорже Жезус, човек кој направил чуда со анонимниот Пасош де Фереира со кој завршил трет зад Бенфика и Порто.
Покрај големото трио (Порто, Спортинг и Бенфика), како и Брага и Виториа, сите други прволигаши во Португалија во просек имаат под 10.000 фанови на своите натпревари. Петтолигашот Ламас Лузитанија го нема тој проблем и на нивните натпревари трибините крцаат. Пазете го ова френетично радување за гол. Скокаа и се измешаа во купче заедно и играчи и навивачи. Секоја чест за поддршката, ова се вистински навивачи.
Навредите меѓу омразените ривали Порто и Бенфика се толку приземјени што едните со докази ги обвинија другите дека поткупувале судии и дека користеле услуги на бајач/гатач за да освојат титула.
Фудбалската сезона во најдобрите европски лиги заврши, па време е за мала рекапитулација на состојбата во Англија, Шпанија, Италија, Германија, Франција, Холандија, Русија, Белгија, Турција, Португалија и Украина.
Во ток-шоуто „Пролонгаменто“ на португалската TVI24 се судрија двајца спортски работници, новинари и автори на неколку спортски биографии. Мануел Серао важи за коментатор на Порто, а Педро Гуера за човек близок до лутиот ривал Бенфика. Целата фрка е околу тоа дали на промоцијата на книгата на Гуера не дошол ниту еден човек од Бенфика.
Во сенка на историските успеси на Лестер, Исланд, Велс и Ростов, остана подвигот на клубот од малото португалско градче со 12.000 жители. Тим кој од осмата лига стигнува до првата и се изборува за опстанок во елитата.