Нераскажаната бајка за португалска Тондела

Во сенка на историските успеси на Лестер, Исланд, Велс и Ростов, остана подвигот на клубот од малото португалско градче со 12.000 жители. Тим кој од осмата лига стигнува до првата и се изборува за опстанок во елитата.

На 6. јуни 1933 во малиот град Тондела, во округот Визеу се појавил клуб со исто име како градот. Тој не бил роден во права смисла, туку новата екипа била спој од два изворни клуба (Operário Atlético Clube и Tondela Futebol Club).
 
Со професионален статус овој клуб се стекнува од почетокот и веќе постои 78 години. Творец на ваквиот преседан бил Витор Панеира - поранешен везен играч на Бенфика и португалската репрезентација. Тој бил најзаслужен што екипата растела и се промовирала од една во друга лига, од петта во четврта, од четврта во трета и на крајот во втората лига.
 
Во првите две сезони како второлигаш - 2012/2013 и 2013/2014 Тондела и покрај бројните скептични прогнози, не се борела за опстанок во втората лига, туку два пати завршувала на средината на табелата со ист број на бодови.

По две сезони во пристојно второлигашко друштво, клубот со зелени-златни дресови добил повеќе навивачи, добил клупски сајт, а наскоро почнал да се гради и новиот модерен стадион „Жоао Кардозо". Луѓето од Тондела знаеле што ќе прават за викенд, затоа што никогаш претходно не ги виделе Беленесеш, Навал, ниту Арука.
 

Животот се подобрил, клубот станал постабилен и за разлика од претходните децении, бил на ниво. Тогаш само некои непоправливи оптимисти ја сонувале Примеира.

За Примеира сонувала и управата на клубот која извела некои чекори за да ги спроведе замислите во дело. На 9. ноември 2013 година бил отпуштен легендарниот тренер Витор Панеира кој ја водел Тондела повеќе од две ипол години на повеќе од 100 натпревари. Со овој неочекуван отказ почнала тренерската реконструкција и за нов тренер бил промовиран Ким Машадо кој бил избркан од полската Лехија Гдањск после девет средби.

Новата сезона во втората лига започнала добро.

Тондела долго време била меѓу првите три а конечно се искачила на првото место после триумфот над Виторија Гимараеш Б во 38. коло. Уште неколку победи ги делеле од чудо и историски пласман во првата лига. Од 42. до 45. коло избраниците на Ким Машадо освоиле само два бода и во претпоследното коло немале право на грешка. Фактот што во сегунда играат 24 екипи а во прва лига одат само првите две говори колку пласманот горе е тежок. Униао, Чавес и Спортинг Ковиља и бегале на Тондела три бода, но тие имале неспоредливо подобра гол разлика од нив.

На 24 мај 2015. година, Тондела му гостувала на Фреамунде во последното коло и реми им носел историски пласман. Заедно со екипата отпатувале и навивачите кои со себе носеле шампањ, огномет и многу бакљи.

Зелено-жолтите од 69' минута губеле 1:0 кога репрезентативецот на Гвинеа Басао Фати го довел Фреамунде во водство, а сите конкуренти на Тондела воделе во тој момент. Времето проаѓало и навивачите сметале дека долгоочекуваното славје ќе го одложат за некои подобри времиња

Се се сменило во последната минута кога Андре Карваљаш како во најдобрите холивудски сценарија, во последен момент изнедначил од директен слободен удар за еуфорија и лудило меѓу гостинската публика кое продолжило во градот цела ноќ:

Шест дена по неверојатниот успех, Ким Машадо дал оставка по своја желба и заминал во Виториа Сетубал. На негово место дошол стариот тренер Витор Панеира кој донел неколку звучни засилувања (Маркус Бергер од Урал, Натан Жуниор, англискиот голман Мет Џонс од Бенфика и други). Португалските фудбалски експерти едногласно ја прогласиле Тондела за потенцијален патник во втората лига е и овој пат очекувањата им се оправдале на стартот.

До осмото коло, Зелено-златните имале само една победа и пет порази, така што на чело на тимот од никаде се појавил Руи Бенто. Неговите резултати биле „поимпресивни": во следните пет кола со него Тондела освоила само еден бод, па тој брзо ги спакувал куферите заминал во непознат правец.

Трпението на претседателот на Тондела, Жилберто Куимбри пукнало и на почетокот на декември за тренер го поставил Армандо Гонсалвеш Тешеира. Младиот тренер, познат во светот како Пети (поранешен репрезентативец на Португалија) добил практично невозможна мисија - да го спаси клубот од испаѓање.

Пети за прв голман го поставил Клаудио Рамос (подоцна влезе во тимот на годината) и левото крило Менга го поставил во одбраната. Промените не донеле резултати: Под водство на Пети тие имале две победи и едно реми на 7 меча.

Во Тондела биле свесни дека до крајот им требаат 13 бода од осум кола за да се спасат. Меѓутоа Пети тврдоглаво инсистирал дека верува во опстанок и шефовите на клубот необјасниво му поверувале. Навивачите биле поделени: Едни не можеле да го гледаат распадот, а другите продолжиле да го кинат грлото.

На 20 март започнала феномалната серија. Во 27. коло Тондела најави сензација со бодот дома против Беленсеш, а во следното коло го победија Порто 0:1 на гости со евроголот на Луис Алберто кој го матираше Икер Касиљас:

На „Жоао Кардозо" во последното коло дошла Академика, директниот ривал за опстанокот и Зелено-златните паралелно со овој меч го слушале и резултатот од мечот Униао - Рио Аве. На голема радост на преполниот стадион, Тондела славела 2:0 а Униао загубил од Рио Аве 1:2, по што дебитантот во португалската лига останал во елитата и историскиот успех бил прославен како да ја освоиле титулата.

Главниот херој, тренерот Пети кој единствен верувал во опстанок плачел од среќа заедно со сопругата и ќерката а видеото се рашири по цела Европа. Така бајката на Тондела остана во сенка на Лестер, Исланд, Велс, Ростов и другите чуда.

12.000 жители на Тондела ја заслужиле оваа прослава и 14. мај 2016-та го сметаат за најубав ден во нивниот живот. Новата сезона Тондела ја отвора против Бенфика на 13. август од 20 часот. Ќе навиваме за нив.

26 јули 2016 - 17:41