Во ток-шоуто „Пролонгаменто“ на португалската TVI24 се судрија двајца спортски работници, новинари и автори на неколку спортски биографии. Мануел Серао важи за коментатор на Порто, а Педро Гуера за човек близок до лутиот ривал Бенфика. Целата фрка е околу тоа дали на промоцијата на книгата на Гуера не дошол ниту еден човек од Бенфика.