Украинскиот Шахтјор Донецк ја прекина рекордната серија на Манчестер Сити од 28 меча без пораз. Последен пат тимот на Пеп Гвардиола изгубил на 23. април (од Арсенал во Купот на Англија). Досега сезонава Сити е најстабилен: во Премиер лига е прв пред Манчестер Јунајтед на кој му бега 8 бода.
Гвардиола го фалеше главниот тренер на Шахтјор, Пауло Фонсека уште по триумфот на „Граѓаните“ на ’Етихад’ 2-0 во септември:
„Шахтјор е една од најдобрите екипи против која некогаш сум играл. Прекрасно ја контролираат топката, играат во кратки пасови, тимот е како машина, имаат страшен билд-ап (постројување на играта). Одлично се организирани во одбраната, практично сите играчи асистираат“.
Фонсека, тренерот на Шахтјор пред секој меч во ЛШ говореше дека неговата екипа нема да се откаже од сопствениот сил: „Рударите“ се насочени кон напад и така играа дури и против Наполи и Сити (2:1, 0:3). Украинскиот тим долго време има посед на топка под пресинг на противникот, но не им фали инвентивност во 90 минути.
Ваквиот проблем Фонсека го наоѓа во слабата конкуренција во првенството на Украина: „80% од мечевите ние ги играме на полето на противникот, во нивниот шеснаесетник. Во Лига на шампионите играме во разни локации од теренот и сме во постојано движење. Тука чувствуваме недостиг на конкуренција во првенството“.
Поразот во Украина (2:1) Гвардиола го прими крајно достојно: „Моравме да изгубиме. Тоа е добро и за клубот и за сите нас внатре и за медиумите. Луѓето многу зборуваат и создаваат гушење ако победуваш многу. Сега може да заборавиме на тоа“, одговорил Пеп синоќа.
This is the moment Shakhtar Donetsk coach Paulo Fonseca fulfilled a promise to hold a press conference wearing a Zorro mask if his team reached the Champions League last 16. Just think, this man could have been Everton manager #MCFC #EFC pic.twitter.com/z85pGcNGrl
— Andy Hampson (@andyhampson) December 6, 2017
Фонсека синоќешната конференција после мечот ја претворил во мало шоу. Се појавил на прес-конференцијата во костим на Зоро.
Така го одржал ветувањето кое го даде на почетокот на ноември: ако Шахтјор ја помине тешката група, тој ќе се облече како Зоро.
„Зошто баш Зоро? Просто еден новинар пред Хелоувин праша каков костим ќе носам на празникот. Му одговорив од Зоро. После се кладевме со нашиот директор“, одговорил тренерот на Шахтјор, Пауло Фонсека.
***
- Пауло Фонсека сите го запознаа во пролетта 2013-та кога скромниот и мал Пасош де Фереира го донесе на третото место во португалската лига (сезона претходно бил 10-ти, а следната 15-ти). По неверојатниот успех и влез во квалификациите за Лига на шампиони, Порто решил за 1 милион евра да го купи Пауло Фонсека.
- Во Порто за жал ништо не му тргна. Пропушти да ја освои титулата, и имаше тешкотии да ја скрои екипата по продажбата на Хамес и Жоао Мутињо, а во март месец таа година Порто бил трет со 9 бода зад Бенфика. Затоа Пауло брзо го избркале и тој скоро се вратил во Пасош де Фереира.
- Откако ја одржал репутацијата (8. место со тимот кој се борел за опстанок), Фонсека се преселил во Брага. И таму одново направил историски успех: првпат во 50 години Брага го освои Купот на Португалија (со слатка победа над Порто во финалето).
- Фонсека станал тренер на 25 години - изучувал тренинзи, учел од постарите и многу, многу читал. Успеал да изгради стил и принцип кој го нарекуваат мешавина на Арсен Венгер и Жорже Жезус (претхоно тренер на Брага и Бенфика, сега на Ристовски во Спортинг).
Фонсека три години учел од Жезус во екипата на Ештотрил каде многу работи за занаетот дознал од него.
- За младиот стручњак се интересираат во англиската Премиер лига. Два пати го викале во Евертон - до назначувањето на Роналд Куман и после неговата оставка. „Сите тренери сакаат да работат во Англија. И јас мечтаам за тоа, верувам дека еден ден ќе ја остварам. Многу ми се допаѓа целата таа атмосфера во Англија. Тоа е најдобрата лига на светот - најдобри играчи, најдобри тренери“, изјавил Фонсека за The Telegraph.
- Договорот на Фонсека со Шахтјор истекува на крајот од оваа сезона. Клубот сака да го продолжат но ситуацијата е неизвесна: „Ќе видиме што ќе биде. Сега сум посветен на првенството и Лига на шампионите“.