Пред десетина дена португалскиот клуб Виторија Сетубал изгуби од Боавишта 1:3 во португалското првенство. Пар часа после овој тежок пораз, 21-годишниот фудбалер од среден ред на Виторија, Мирко Антонучи објавил видео на TikTok на кое танцува и се бакнува со девојка му.
И ништо не би било спорно доколку на управата на Виторија овој однос да не ѝ прекипел:
Ова само едно од стотиците вакви видеа на Антонучи ги разгневило не само навивачите, туку и тренерот на Виторија Хулио Веласкез. Виторија Сетубал го позајми Италијанецот од Рома во јануари но веќе ја раскина позајмицата и го избрка Мирко.
„Играчот е обврзан да биде фудбалер на Виторија 24 часа, да го уважува клубот, неговите навивачи и вредностите кои овој клуб ги претставува. Клубот, управата, тренерите и цел состав сфаќа дека однесувањето на позајмениот играч не соодвествува на тоа што од него се очекува“, рекол тренерот Веласкез.
Мирко е дете на Рома. Во Португалија дојде во јануари каде после неколку дена го предупредиле за односот на социјалните мрежи каде виси по цели денови и објавува фотографии со девојка му Џиневра Ламбурски која има повеќе од пола милион следбеници (Антонучи има нешто повеќе од 90.000).
Буквално после секој пораз или слаб меч, Мирко објавува фотографии што им засметало на навивачите.
Други пак коишто ја бранат неговата страна, велат дека Антонучи додека е на работа во клубот тој е обврзан да тренира, да учествува во спонзорските настани пропишани со договор, како и да игра на натпревари на кои ќе му дадат шанса. Тој во слободно време надвор од клубот според нив може да прави нешта кои не се забранети со договорот. Не го нарушил режимот ниту клупската дисциплина.
Пред да му го раскинат договорот за позајмица и да го спакуваат назад за Рим, Мирко пробал да го згасне пожарот. На своите профили напишал:
„Во целост ја признавам грешката која што ја направив. Сакам да се извинам на сите кои се почуствуваа погодени: на навивачите, на клубот, на тренерот и на соиграчите. Ќе ги напуштам сите социјални мрежи. Сега ќе гледате како се борам до последна капка пот за дресот на Сетубал. Напред Виторија!“
Но веќе било доцна. Антонучи е избркан од клубот и предвреме вратен дома во Рим. А можно е и газдите на клубот да му завидувале, којзнае...