Таг: португалски фудбал

Во португалски фудбал со пукање пиштоли расчистуваа тепачка

Се работи за четвртолигашки меч кој заврши грдо, насилно и небезбедно со рафални истрели.

Трогателен момент со детето на Спортинг на крајот од мечот

Фудбалерите на Спортинг Лисабон играат неверојатна сезона и после цели 19 години се на одличен пат да ја освојат титулата во Португалија. Без пораз се на 24 меча (20 победи, 4 нерешени) и му бегаат 10 бода на Порто.

Фудбалер од Португалија славеше роденден како Борат

Целото име му е Андре Филипе Алвес Монтеиро, а скратено го викаат Укра. Игра за португалски прволигаш Санта Клара, а претходно бил член на ЦСКА Софија. Има и еден повик за репрезентација на пријателска. Ова чисто да го запознаете пред да му ја видите роденденската забава за која како да ви кажеме.

Не е можно да си до толку глуп

Португалскиот фудбал му го нуди на светот кандидатот број 1 за автогол на месецот, деценијата и векот. Никој не може да биде по кутар од овој, освен ако мора да ја мести. Па уште им подари бод во 93-та минута.

1,18 метри офсајд на португалски начин

Во понеделникот вечер Брага гостуваше кај Мореиренсе во 16. коло од португалската Примеира. Уште во 26' секунда гостите дадоа гол преку Рикардо Хорта, ама судијата им го поништи по консултација со ВАР собата.

Ваков гол дававме ко деца во маало

Ќе ве изненади потегов од последното коло во португалското првенство и ќе ве врати на детството. Ова се правеше кога сакаш да се мајтапиш или да го нервираш противникот, а се случи на мечот Боависта - Рио Аве 0:2.

Необичната вечер на португалски Авес

Авес е фудбалски клуб од Португалија и нов второлигаш во оваа земја. На табелата во првата лига имаат само 17 бода и дури 26 порази на 33 меча сезонава. Испаднати се уште одамна. Синоќа пред мечот со Бенфика шоферот наводно ги изгубил клучевите од автобусот, па сите играчи морале да одат со коли до стадионот.

Мирко батали фудбал и Рома, пробај се во друга индустрија

Младиот италијански фудбалер ја сфатил грешката, но веќе било доцна затоа што португалскиот клуб пред време му ги спакува куферите за пат назад во Рим.

Еден муабет на бербер за време на бричење, му го подари на светот големиот Еузебио

Најголеми фудбалери на ХХ век најчесто ги нарекуваат Пеле, Марадона и Кројф. Напаѓачот на Бенфика и репрезентацијата на Португалија, Еузебио е далеку помалку споменуван и неправедно запоставен.

Ау каков гол падна во Португалија

Во рамки на португалскиот Лига Куп, Виторија Сетубал одигра 2-2 против големиот фаворит Бенфика. Јунак на мечот беше Хелдер Гуедеш кој прво во 83' намали на 1-2 а после во 90+2' минута постигна гол за прераскажување против трофејниот гигант.

Како ли да ви ги објасниме овие 10 секунди?

Среќа, карамбол, зицер од два метра итн, итн. Не можеш да и најдеш НЗС на акцијава во Португалија за играчи до 23 години. Како нема еден швенг од публика да им видиме реакција.

Играа 13 секунди и поведоа без да ја пипнат топката

Без посед на топка, без центаршут, без додавања. Само бркаа на противничка половина и голчето си дојде само.

Добра финта

Високиот холандски центарфор, соиграч на нашиот Стефан Ристовски од Спортинг, Бас Дост проба да проигра невидлив играч на мечот со Портимоненсе (3:1).

За ваков ВАР ли се боревте?

Сè е тоа убаво што ФИФА и УЕФА сакаат фудбалот со помош на сите модерни технологии да оди напред, ама кога нешто ќе имплементираш, треба да знаеш и да го применуваш. Судииве во Португалија не гледаат добро или не сакаат да гледаат нешто што сите добро го гледаме. Игра со рака и нема пенал ниту по прегледот на ВАР. Срамотилаци.

Најтрофејниот трет резервен голман на светот е од Бенфика

Освоил 12 големи трофеи со само 11 натпревари за 13 сезони во составот на Бенфика и важи за најтрофејниот трет резервен голман на светот.

Гол на месецот и кандидат за Пушкаш

Име: Телмо. Презиме: Кастањеира. Клуб: ЦД Трофенсе од португалското фудбалско подземје. Гол: За наградата „Пушкаш“.