После првата судиска свирка, сите фудбалери на Авес (и оние резервните) стоеа неколку секунди во знак на протест против управата поради неисплатени обврски од месец март. На крај и Бенфика им се качи на глава со 0:4. Што е пожално, Авес во 2018-та го освоил португалскиот Куп а сега испаѓа од лига.