Таг: талент

Ел Гази е новата ѕвезда на европскиот фудбал

Анвар Ел Гази, Холанѓанецот со мароканско потекло има 20 години а веќе одигра 59 натпревари за првиот тим на Ајакс и постигна 19 голови. Ел Гази пред неколку дена одлучил да настапува за Холандија, иако имал право да игра и за Мароко.

Дете на Челси кое ќе прави партали за 10 години

Даним Намуди е далеку од професионален договор, слава и пари, но ако вака работи секој ден на 8 години, тогаш тоа не му бега. Гледајте го крај, ќе тренира и со младинците на Челси до 21 година.

Се крчка новиот Кака во Милан

Адриано Галијани не мора постојано да бара (не)докажани играчи за Милан, туку време е да се сврти кон подмладокот. Таму покрај талентот Хаким Мастур има уште едно дете кое може наскоро да се најде во составот на Инзаги. Се вика Давиде Ди Молфета, има 18 години, а главна задача му е да дава и да мести голови. Ѕирнете како му оди тоа.

Венгер вакви бара

На 3 август наполни 17 години, а само еден ден по роденденот за поклон доби прв професионален догоров од Арсенал. Со талентот кој го има сигурно дека Даниел Кровли за кратко време ќе почне ваквите мајстории од слободен удар да ги прави за сениорскиот тим пред полн Емирати.

Срушен фудбалски сон поради глупави правила

Талентирана е за фудбал, живее за фудбал и сите сакаат да го прави тоа во животот. Но ограничувањата за малолетни играчи кои се поставени како правила во Светската куќа на фудбалот и го одзема тоа право.

Минала сите го направија чичко

Жозеф Мари Минала никако да докаже дека има 17 години. Младинскиот фудбалер од редовите на Лацио и покрај тоа што ги демантираше пишувањата дека наводно не личел на годините, веќе неколку дена е предмет на тролање за неговата возраст. Некои му најдоа и брат кој го купил Лотито на 15 години.

Африканскиот талент со сомнителна возраст го живее својот сон

Жозеф Мари Минала непознато име во светот на фудбалот, за брзо време се рашири низ медиумите кои го претставија како тинејџер кој сигурно има двојно повеќе години од тие што му стојат во личната карта. Но во Италија големите екипи не дебатираа околу неговата возраст, туку се тепаа кој да го купи.

Им најдовме работа на скаутите

Се вика Гудис, има 6 години, доаѓа од Литванија и е главен во друштво. Остатокот е во видеото.

Се сеќавате ли на Фреди Аду?

Ако пред некоја година игравте Football Manager или некоја слична компјутерска игрица, сигурно се сеќавате на чудото од дете Фреди Аду. Но вистинскиот живот е многу поразличен од игриците.

Гослинг има(л) талент

Нè заинтересира во Crazy, Stupid Love, потоа нè ќари во Drive, за дефинитивно да воодушеви во The Ides of March (и тоа покрај Џорџ Клуни). Ама изгледа Рајан Гослинг уште од мал бил таков, плав и кул.

Талент ама не секаков

Саудијците склопија свое талент шоу. Ама: талентите не можат да бидат жени, плус во никој случај за талент не се прифаќа - музика.