Наместо тоа учесниците ќе можат да се покажат колку се добри во читање молитви, рецитирање поеми или да се докажат во некој спорт.
Талент шоуто ќе се одржува во градот Бураида, кој е конзервативен дури и за саудиски сфаќања. Токму овој град се смета за центарот на Вахабизмот во земјата.
Освен музиката на "Бураида има талент" е забрането и пеење или каква и да е форма на танцување.
Шоуто ќе се разликува и по тоа што ќе се одржува на отворено, а жирито ќе биде составено од поет, телевизиски продуцент и тв водител.