Фреди Аду е роден во Гана и на осум годишна возраст се преселил во САД кога неговата мајка добила иселеничка виза. Веднаш откако пристигнал во САД тој бил откриен од локални фудбалски тренери додека дриблал и три пати повозрасни од него, па добил покана да биде дел од американската олимписка развојна програма.
На 10-годишна возраст Аду растурил на еден турнир за фудбалери до 14 години каде настапиле и екипи на Лацио и Јувентус, па понудите почнале да пристигнуваат од сите страни.
Италијанскиот гигант Интер доставил шестоцифрена понуда, но неговата мајка ја одбила оваа понуда и решила да потпише со IGM академијата.
На 14 години Аду стана најмладиот Американец кој потпишал професионален договор во екипа од МЛС екипата и најмлад спортист кој играл професионален спорт во САД.
Но неговата кариера не се одвиваше како што сите претпоставуваа. Патот го одведе во Бенфика од каде беше испратен на позајмици во Монако, Белененсе, Арис и Ризеспор, но никаде не успеа да се наметне.
Во 2011-та година се врати во САД, а минатата сезона потпиша за бразилскиот клуб Бахиа каде го допре дното и беше отпуштен по седум месеци откако настапи на само четири натпревари.
По десет различни клубови, 24-годишниот Фреди Аду ќе си ја проба среќата и во Англија. Во моментов дечкото кој се најавуваше како најголемиот талент во фудбалот се наоѓа на проба во англискиот второлигаш Блекпул.