Таг: фреди аду

Фреди Аду - Од нов Пеле до продавач на правосмукалки

Компанијата Најк го прогласи за најголемиот фудбалски талент во историјата на САД и на 14 години му даде милион долари за спонзорство. Го споредуваа со Пеле, играше во Монако и Бенфика, а кариерата му се тумбаше по селата во Турција и Србија.

Што мислеше јавноста за Меси и новиот Пеле во 2005-та

Пред 12 години САД и Аргентина се сретнаа во групната фаза на младинското Светското првенство, а очите беа вперени во две многу надежни деца. Едниот денеска е идол на милиони деца кои сакаат да станат како него, а другиот смени 13 клубови меѓу кои и српска Јагодина.

“Новиот Пеле“ на 26 години смени 13 клубови

Да ти го откријат талентот на улица на 10 години, да дриблаш поголеми од тебе и потоа да растураш на турнири каде се пријавил и Јувентус, не е гаранција дека ќе успееш. Особено не ако прво те бара Интер, а ти завршуваш во Јагодина или во четврта лига во Финска.

Многу ветуваа, а малку остварија

Откако Реал Мадрид во јануари го купи вундеркиндот Мартин Одегард, се потсетивме на неколку фудбалери кои тешко се носеа со товарот „новиот Пеле" или „новиот Роналдо". Немаа среќа или немаа сила да го издржат притисокот?

Се сеќавате ли на Фреди Аду?

Ако пред некоја година игравте Football Manager или некоја слична компјутерска игрица, сигурно се сеќавате на чудото од дете Фреди Аду. Но вистинскиот живот е многу поразличен од игриците.