Што мислеше јавноста за Меси и новиот Пеле во 2005-та

Пред 12 години САД и Аргентина се сретнаа во групната фаза на младинското Светското првенство, а очите беа вперени во две многу надежни деца. Едниот денеска е идол на милиони деца кои сакаат да станат како него, а другиот смени 13 клубови меѓу кои и српска Јагодина.

Зборуваме за 18 годишниот талент на Аргентина, Лионел Меси наспротив 16 годишниот Фреди Аду кој го носеше прекарот „новиот Пеле“ и кој во тоа време очекувањата беа да направи поголема кариера.

Во тоа време немаше Твитер, ама затоа беа актуелни фудбалските форуми каде навивачите правеа споредби кои слободно може да ги прогласиме за најлоши.

„Фреди изгледаше како млад Роналдиљо. Одлично се поставуваше и навлече многу играчи кои го фаулираа“.

„Фреди покажа повеќе вештини со топката и многу повеќе создаде напор кај дефанзивците за да го спречат“.

„Нивните вештини се слични, а Фреди е помлад, а исто така и подобар“.

„Меси беше одличен, но Фреди едноставно блесна“.

„Не видов ништо од Меси кое ќе ме натера да кажам дека е подобар од Аду“.

„Мислев дека Меси е многу брз и експлозивен, но сепак Аду беше целокупно супериорен“.

„Искрено Фреду Аду еден ден може да стане еден од најдобрите фудбалери во светот“

„Сигурен сум дека Аду на 18 години ќе биде подобар од Меси на таа возраст“.

Инаку САД го доби тој дуел со 1:0, но на крај стигна до осминафинале. Победник на тоа Светско беше Аргентина, а за најдобар играч беше прогласен Лионел Меси кој беше и најдобар стрелец на првенството.

12 години потоа:

- Меси стана прв играч со 5 златни топки во историјата на фудбалот, освои 29 трофеи со Барселона и има 539 голови за клуб и репрезентација.

- Фреди Абу смени 13 клубови меѓу кои и Јагодина, се прошета до Португалија, Франција, Грција, Турција, Бразил, Србија и Финска освои еден Куп во МЛС лигата. Знаете колку вкупно голови има во кариерата за клуб и репрезентација? 29.

Овие што ги споредувале на форумот, подобро нека го затворат ако воопшто уште го држат отворен.

Меси vs САД

30 јануари 2017 - 16:42