14 годишната девојка Кармен Олмос не се одвојува од топката. Ги мина сите проби во младинскиот состав Вортли, но не може да стане член само поради една причина, а тоа е затоа што е од малолетник од странство, поточно од Шпанија.
Фудбалската Асоцијација на Англија ја извести дека таа не може да ја добие потребната меѓународна дозвола за да настапува за клубот, каде за време на пробите веќе се спријатели и се вклопи во тимот.
„Таа е одлична фудбалерка и одлично ги мина сите повици во клубот, но навистина штета, ова е апсурдно. Сега е многу разочарана, исто како и нејзините родители, па дури и луѓето во клубот кои беа презадоволни од нејзиниот талент“, вели нејзиниот учител по спорт од школото каде што оди во Лидс.
Правилата на ФИФА ги искритикува и генералниот секретар на клубот кој рече дека се смешни и дека не се соодветни. ФА за овој случај се обрати до Светската куќа на фудбалот и ја обвини за ова спречување на Кармен.
„Истото правило важи за сите малолетни фудбалери кои не биле никогаш претходно регистрирани за ниту еден клуб“, стои во објаснувањето на ФИФА.
Зад талентираната Кармен застанаа и помогнаа сите за да стане дел од младинскиот тим на Вортли, но за сега таа може да настапува само за своето школо.