Како да се типува финалето на Лига Европа

Ќе успее ли Јирген Клоп да ја прецрта фразата на Гари Линекер кој изјави дека „Лига Европа е натпреварување во кое учествуваат 56 тима, а на крајот секогаш победува Севиља?“ Или Шпанците ќе стигнат до петтиот трофеј, а трет по ред во ЛЕ?

Европската клупска сезона полека доаѓа до финишот. Останаа уште два натпревари, после кои ќе се знае распределбата на трофеи. Еден од нив е финалето на Лига Европа, втор по големина евро-турнир.
 
УЕФА дополнително го зголеми значењето на ЛЕ откако реши победникот на ова натпреварување да го дарува со директен пласман во Лигата на шампионите. Од таа причина Севиља и Ливерпул нема да играат толку за честа, колку за директен пат во елитната Лига на шампионите следната сезона.
 
Мерсисајдците во Премиер завршија осми, а Севиља во Примера седма, така што избраниците на Унаи Емери во случај на пораз во финалето, ќе играат во квалификациите за ЛЕ следната сезона. А оние на Јирген Клоп во случај на пораз ќе останат без Европа следната сезона што би бил голем удар за славниот клуб. Оттаму, мотивацијата кај Ливерпул во извесна мера е поголема.

Четирите триумфи на Севиља во Лига Европа во последните 10 години (2006, 2007, 2014, 2015) ги носат Андалузијците во ситуација да го сторат она што никој не успеал претходно, а тоа е да го одбрани пехарот три пати по ред.
 
Само три екипи (Ливерпул, Интер и Јувентус) го освојувале Купот на УЕФА и Лига Европа вкупно три пати но никој не го кренал трофејот три пати последователно. Унаи Емери беше тренер во последните два походи кон трофејот, а два пати Хуанде Рамос. Севиља победуваше во сите четири одиграни финалиња.
„Лигата на шампионите е убаво натпреварување и сакаме да играме во него, но кога сте таму знаете дека имате мали шанси против најсилните тимови од континентот. Кога сте во Лига Европа знаете дека може да победите", појасни Унаи Емери на пресот.

Од друга страна и Црвените ќе се обидат да останат непоразени во финалните средби на Куп на УЕФА и Лига Европа и така да се израмнат со Севиља по бројот на освоени трофеи.

СЕВИЉА

2006 - Ајндховен, противник во финале Мидлзбро, победа 4:0
2007 - Глазгов, противник во финале Еспањол, 2:2, победа на пенали 3:1
2014 - Торино, противник Бенфика 0:0, победа на пенали 4:2
2015 - Варшава, противник во финале Днипро, победа 3:2

ЛИВЕРПУЛ

1973 - Ливерпул, Ливерпул - Боурисја 3:2
Менхенгладбах, Борусија - Ливерпул 2:0
1976 - Ливерпул, Ливерпул - Клуб Бриж 3:2
Бриж, Клуб Бриж - Ливерпул 1:1
2001 - Дортмунд, против Алавес, победа 5:4.

Можни состави:

Ливерпул: Мињоле, Клајн, Ловрен, Туре, Морено, Лалана, Чан, Милнер, Фирмино, Стариџ, Кутињо.

отсутни: Роситер, Гомез, Сако.

Севиља: Давид Сориа, Мариано, Рами, Карико, Ескудеро, Криховијак, Н'Зонзи, Коке, Банега, Витоло, Гамиеро.

отсутни: Крон-Дели, Тремулинас.

Типувајте го финалето на Специјалната сингл понуда на Типстер.