На факултет за фудбалска економија, Мончи треба да држи катедра

Додека многу клубови работат „на слепо“ и носат играчи за кои новинарите пишуваат бајки, Рамон Родригез Вердехо попознат како Мончи има цела стручна методологија на работа пред да потпише со еден фудбалер и да го презентира во јавноста.

Шпанецот Рамон Мончи е најпознатиот спортски директор во светот на фудбалот. Во неговата професија соработувал и со десетина слаби тренери, но се издигна над сите и во Рома дојде како ѕвезда.

За 16 години колку што работел во Севиља, Мончи создаде империја. Почнал од нула и направил голем скаутски сектор кој пронајде фудбалски таленти од кои заработи 200 милиони евра.

Стратешката работа со тимот на Севиља и донесе не само економски бук, туку и спортски успеси: до неговото доаѓање, Севиља не освоила ништо 31 година, а со него освои 9 трофеи!

Во Севиља купи играчи за 105 милиони а продаде за 340 милиони евра. Негови Топ 5 трансфери се Дани Алвеш во Барселона за 35 милиони евра, Карлос Бака во Милан за 30 милиони евра, Хозе Антонио Рејес во Арсенал за 30 милиони евра, Гжегож Криховјак во ПСЖ за 28 милиони и Серхио Рамос во Реал Мадрид за 27 милиони евра.

КАКО МОНЧИ СТАНАЛ ТОЛКУ МНОГУ УСПЕШЕН?

Во Севиља неговиот сектор се состоел од 16 луѓе. Во првите пет месеци од сезоната тие гледале максимално многу фудбалери и собирале информации за нив.

Приоритет им била Франција. Лига 1 била идеална комбинација на достапна цена и висок квалитет. Многу млади таленти Мончи нашол токму во Франција: Кануте, Криховјак, Кондогбија, Кеита.

Мончи вели дека секој месец скаутите правеле состав од 11 најдобри играчи на секоја позиција. Од почетокот на декември тие внимателно ги гледале фудбалерите на кои им фрлиле пик.

Гледале како играат дома, како играат на гости, како играат на меѓународна сцена, како реагираат на пораз, како на победа итн. Секој играч на финалниот список скаутите го набљудувале по 10 пати.

Тогаш во Севиља имале подробни инфорамции за неколку стотини играчи. Кога во 2016 The Guardian спремал цел материјал за работата на Мончи, овој спортски директор на новинарот му покажал тефтер на кои имало 250 презимиња.

Таквиот широк избор им дозволил на крај да го стеснат според строги критериуми:

„На пример сакам да најдам лев бек кој трча во просек по 11 км по натпревар, кој може во спринт да истрча 800 метри со максимална брзина и притоа подеднакво добро да игра со двете нозе. На списокот остануваат 10 играчи“, раскажал Мончи.

За да не залутаат на огромната табла со имиња на играчи, скаутите го класифицирале играчот по азбучен ред.

****

Можно е Мончи да се одлучил за Рома поради тоа што таму исто сакаат да собираат обемни податоци: секторот за аналитика во Рома до летото 2017 го водел маестралниот во оваа професија Лука Борн кој подоцна прејде во НБА и стана потпретседател по стратегија и аналитика во Сакраменто Кингс.

НЕ КУПУВА ФУДБАЛЕР ДОДЕКА ЛИЧНО НЕ ПОРАЗГОВАРА СО НЕГО

И покрај љубовта кон статистиката и аналитиката, главен квалитет на Мончи е разговорот во четири очи со потенцијалните трансфери.

Кога Севиља била заинтересирана за некој играч, Рамон Мончи задолжително одел да го гледа на натпревар за да поразговара со него по мечот. Во сезоната 2015/2016 Мончи 20 пати патувал до Франција за да се сретне со потенцијални новајлии:

„Мора да се уверам дека фудбалерот искрено сака да дојде кај нас. Разговорот е единствена работа која го намалува ризикот од грешки“, вели спортскиот директор на Рома.

Шпанецот разговарал со другарите на потенцијалното засилување, со вработените во клубот, со семејството на играчот итн. Понекогаш дури и одел на гости дома кај него.

Во 2013 година отишол на гости кај Кевин Гамеиро во Франција, додека овој уште играше за ПСЖ. Си дале збор а после неколку месеци Французинот стигна во Севиља. Ако нема можност да се сретне лично со фудбалерот, Мончи му се јавува на телефон.

Финална етапа пред договорот е средба во неговиот кабинет каде Мончи поставува по десетина прашања. За играчот обично тоа изгледа како обична беседа, но за Мончи оваа фаза е најважна - тој тогаш ги проценува личните квалитети на фудбалерот. На пример Мончи го прашувал играчот ако на маса има месо и риба за што ќе се одлучи.

Ако на повеќето прашања добие одговори кои не му се допаѓаат, тоа за скаутите бил сигнал дека играчот е незгоден карактер и работата со него ќе биде тешка.

Но грешки се случуваат дури и тогаш. „Кој работи може и да погреши“, додава Мончи.

„После месец дена во Севиља изгледаше како Конопљанка (украински фудбалер) да сака да скокне од балкон. Или Аруна Коне кој беше наша најголема утка и постигна само 2 гола на 41 меч. Кога се пресели во Леванте, послаба екипа, даде неверојатни 17 гола. Затоа се трудам да го запознаам играчот и како човек пред трансферот, но се случуваат изненадувања“, признава Мончи.

По правило тој зборува со фудбалерот без преведувач: освен шпански, тој совршено зборува француски и солидно добро се служи со англиски.

Во 2014-та на пола година се преселил во Лондон за да го усоврши јазикот и да ја изучува работата на скаутите во Англија. Дополнителна мотивација му била да ги олесни преговорите со англиските клубови каде продал околу половина фудбалери кои ги довел во Севиља.

ЗНАЕ ШТО ГИ ПРИВЛЕКУВА ИГРАЧИТЕ

Севиља живее по класичната шема на клуб-донатор кој за да опстане мора да продава играчи. Во таков модел има два конкуренти на трансфер-пазарот: другите клубови кои опстануваат од продажба и топ клубовите.

Мончи научил како да им биде конкурент.

Кога тој го убедувал да дојде во Севиља а не во друг клуб, му раскажувал на фудбалерот две работи: за прекрасниот живот во градот и можноста да се бори за трофеи и за предноста што ја носи играње за Севиља. На пример за разлика од Монако и од холандските и португалски клубови, Севиља освои шест еврокупови во XXI век.

Со тренерот на Рома - Еузебио Ди Франческо

Мончи е уверен дека тоа е клучен аспект.

„Најважно за мене не е продажбата на играчи, туку резултатите на теренот. Ниеден играч не ти доаѓа ако не победуваш“, вели тој.

Уште еден аспект е платата. Тој им нуди на играчите секогаш поголема плата од другите заинтересирани страни на ниво на Севиља. 

ПОБОРНИК Е НА ИДЕАЛЕН ОДНОС СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ТРЕНЕРОТ

До отворањето на преодниот рок, Рамон секогаш се среќавал со тренерот на Севиља за да дознае на кои позиции му треба засилување.

Обично зборувале за позиција и карактеристика а изборот останувал целосно на спортскиот директор во кого имале доверба.

Но се случил исклучок: во 2015 година Мончи реши да го купи високиот Фернандо Љоренте кој не бил на неговиот широк список но кого многу го посакувал тренерот Унаи Емери (денес тренер на Арсенал).

Унаи Емери и Рамон Мончи од славните денови во Севиља

Откако дискутирале, Мончи му предложил и други варијанти од базата на податоци, но тренерот го сакал само Љоренте а последната е негова.

Пред почетокот на преговорите Мончи разговарал и со претседателот на клубот, Хозе дел Нидо (прв човек на Севиља од 2003 до 2013 година). Зборувале колку играчот е потребен и колку може да дадат за него. По правило се случувало нивниот состанок да трае ултра кратко: Дел Нидо во целост му верувал на спортскиот директор и никогаш не се замерувал со него.

За Мончи таа доверба била исклучително важна. „Хозе дел Нидо секогаш се консултираше со мене и ги слушаше моите совети. Тој никогаш не ми предложил некој играч и не направил трансфер зад мој грб. Да имам одврзани раце е најважно за мене и во Севиља се чуствував слободно уште од првиот ден“, се сеќава Мончи на периодот во Андалузија.

Неговите чуда ги препознаа Реал Мадрид и Барселона кои го барале да им биде спортски директор.

НЕУСПЕСИ

Малком веќе почна да дава голови за Барселона иако Рома го имаше во рака

Методите на работа на Мончи се одлични, но некогаш се случуваат и падови.

Најсвеж пример за тоа е Бразилецот Малком кого во последен момент, буквално во рок од неколку минути додека го чекале тифозите на Рома на римскиот аеродром, реши да премине во Барселона. Агентот на Малком потоа изјави дека со тоа сакал да му се одмазди на Мончи за некој неисполнет трансфер со некој голман претходно.

Уште една неприлика Мончи како спортски директор имал во 2004-та и тоа со Робин ван Перси.

Севиља тогаш се договорила со Холанѓанецот за неговите лични услови и биле на праг од потпис зошто се согласил и Феенорд. На крај се вмешал Арсенал и Ван Перси го одбрал Лондон. Мончи признава дека му било криво додека го гледал фантастичниот напаѓач во Премиер лига.

Во 2009-та година Рамон го следел Габи кој тогаш играше за Сарагоса. Откако со скаутите направиле детална анализа на профилот, Мончи сметал дека тој не би ја подобрил играта на Севиља.

После неколку години Габи премина во Атлетико Мадрид со кого ја освои титулата во Шпанија и два пати играше во финалето на Лига на шампиони.

Мончи смета дека до ден денешен Габи му е најголема грешка во кариерата.

Летово тој ја потврди својата класа. На „Олимпико“ доведе фантастични таленти кои веќе почнаа да ги оправдуваат средствата: во прв ред Џастин Клајверт, син на легендарниот Патрик Клајверт кој дојде од Ајакс, Хавиер Пасторе, Анте Чориќ, Брајан Кристанте, Нико Ѕаиноло, Иван Маркано и најскапото засилување Стивен Нзонзи.