Мартион Саздов од Свети Николе светски вицешампион

Играј Дота сине и направи милиони

Дека гејмингот е сериозна заебанција пишувавме лани кога наградниот фонд беше 18 милиони долари а победниците заминаа со 6,6 милиони. Годинава во финалето учествуваше и нашиот Мартин Саздов од Свети Николе, а наградниот фонд беше повеќе од 20 милиони долари.

Македонскиот гејмер Мартин Саздов - Сакса, не само што дебитираше на најголемиот турнир во Дота 2, туку и го освои второто место со својот тим „Digital Chaos“ кој заработи астрономски 3,4 милиони долари.
 
Овој глобален турнир е еден вид Светско првенство, а победник е кинескиот тим  Вингс гејминг (Wings Gaming). Турнирот по трет пат се одржа во Сиетл каде што учествуваа најдобрите светски тимови за Дота 2 кои две недели се натпреваруваа меѓу себе.
 
Дота 2 важи за еден од најголемите е-спорт турнири во светот и има поголема гледаност од телевизијата. До овој Светски шампионат се стигна преку континентални квалификации. Во тимот на нашиот Саздов беа играчи од САД, Данска, Украина и Романија.

Финалниот дуел меѓу Дигитал Хаос и Вингс:

Не станува збор за „игрица“, затоа што денешниот еСпорт е се само не игра. Оваа професија бара многу жртвување, труд и дисцпилина. Конечно љубителите на видео игрите имаат сигурен аргумент кога родителите ќе им кажат: „Само играш по цел ден, како да ќе ти донесе среќа во животот тоа“ и „Ќе ја искривиш кичмата, ќе ти го фрлам веќе тој компјутер преку прозор“.

Пред една година, за момците од победничкиот тим од Кина скоро никој не знаеше. Тие се собрале како „отпадоци“ од други два (дури и три) тима во Кина, а после 10 месеци станаа светски шампиони и заработија неверојатни 9 милиони долари. Капитенот на најмладата и најдобрата екипа на турнирот има 18 години.

Ако не сте ги знаеле Wings досега, време е да се запознаеме со главните херои на овогодинешната Дота сезона.

Чу “shadow“ ЗеЈу, 16 години

Жу “bLink“ Јанг, 24 години

Жанг ''' Руида, 18 години

Жанг “Innocence“ Јипинг, 18 години

Ли “iceice“ Пенг, 21 година

 

16 август 2016 - 15:22