Зошто Мајкл оди на фудбал во костим за капење?

Англичанецот кој стана познат ширум фудбалскиот свет по своето ексцентрично облекување, има голема причина зошто го прави тоа.

Десетто коло од англиската Премиер лига. Велелепните сводови на Емирати, гласна музика, интелектуалците Арсен Венгер и Роберто Мартинез покрај теренот во своите испеглани костими. На трибините млади, стари, деца, туристи, хипстери, шарена и гласна публика. Но еден човек го привлече вниманието на камерите, па го засени дури и самиот Були.

Костим за капење, капа и наочари за капење. Така изгледаше Мајкл Кален, еден од најдискутираните англиски навивачи. Како таков, тој за првпат се појави пред фудбалската јавност, а потоа го продолжи истото и на следните натпревари на Евертон, без разлика дали се на Гудисон или на некое друго место.

Фотографите и камерманите му се приближија, а навивачите му приоѓаа за селфи. Човекот комотно си прошетал околу стадионот Емирати во егзотичен стил и не само што го зборуваа во британскиот печат и телевизија, туку го привлече вниманието и на Австралијците.
 

Прашање е зошто човекот на моменти изгледа толку загрижен. Според многу навивачи на Евертон, тој едноставно сака внимание, прави циркус од забава. Работите сепак не се така едноставни:
„Одам на гостинските и домашните натпревари на Евертон со цел да соберам средства во добротворни цели“, напиша на Твитер Speedomick (името на Мајкл на Твитер).
Се испостави дека Мајкл долги години активно учествува во хуманитарна работа: собира пари и ги донира во Вудлендскиот дом, близу Ливерпул каде што последните мигови од својот живот ги поминал неговиот сериозно болен татко. Самиот Мајкл решил да го привлече вниманието на себе на овој начин, со цел да ја пренесе потребата од добротворни донации за домот за стари лица.
 

Во еден момент, Мајкл преку организирање триатлон почнал да собира средства за спротски натпреварувања. Пливањето е неговата омилена дисциплина во триатлонот. Веќе неколку години, во зависност од условите, Мајкл редовно се капе во езерото во близина на Хајд Парк.