По автоголот на Кирен Гибс, со кој Манчестер поведе 0:1, резервната клупа на „црвените ѓаволи" не се израдува како што треба.
Причина за тоа е црвеното вино со кое некој навивач на Арсенал ги испрскал. На крајот Манчестер славеше 1:2, а управата на клубот не испратила жалба до ФА, затоа што Арсенал брзо реагирал и во соработка со полицијата го пронашла виновникот.
„Не толерираме никакво насилно однесување и во заедничка операција со полицијата го најдовме виновникот за овој непријатен настан. Штом се докаже неговото учество во инцидентот, тој ќе заработи казна и од клубот", стои во соопштението на тимот од Лондон.
Примедби за недоволно заштитената клупа на Емирати стадионот во минатото имаше и Сер Алекс Фергусон.
„Не е по мојот вкус и не треба да има таков пропуст кога градите модерен стадион. Има маана во позицијата на гостинската клупа. Не е доволно заштитена од навивачите, така што мора да носите челичен шлем на главите“, изјави Фегусон во 2008-ма година.
Арсенал во среда ја пречекува Борусија Дортмунд во натпревар од групната фаза во ЛШ, а тој дуел ќе го пропуштат Џек Вилшер и голманот Војчех Шчешни. Полјакот на голот ќе го замени Емилиано Мартинез. И Арсенал и Борусија Дортмунд веќе обезбедија пласман во следната рунда.