Лондонскиот Арсенал се смета за еден од најмултиетничките британски клубови. Пред неколку години во составот на „Топџиите“ речиси да немаше Англичани, а во шампионскиот состав „Непобедливи“ од 2003/2004 имаше само двајца поданици на Елизабета II: црномурестите Сол Кембел и Ешл Кол.
Исто не е тајна дека за Арсенал навиваат многу муслимани. Главната причина се фудбалерите кои го исповедаат исламот во дресот со топот како главен симбол. Целата приказна почнува со доаѓањето на Арсен Венгер во клубот. Кога францускиот тренер посебно ја истакна желбата за купување свои сонародници кои имаат африканско потекло. Од тој момент Арсенал стана најмуслиманскиот клуб во Премиер лигата.
Освен Абу Диаби, Бакари Сања, Самир Насри, Никлас Анелка и Ласана Диара, тука и е легендарниот напаѓач, човекот чија статуа го краси стадионот „Емирати“. Тиери Анри.
Тројца поранешни фудбалери на Арсенал (Никлас Ањелка, Коло Туре и Абу Диаби) станаа членови на Здружението на муслимански фудбалери (AMF). Сето ова не е случајно. Шефовите на лондонскиот клуб знаеле да работат со ваков тренд на мултикултуралност.
Раководството на клубот имало само плусеви со таквиот тренд. На пример во финалето на Купот на Англија во 2015. година неколку навивачи на Арсенал се појавија на стадионот во хиџаб, а во средината на август истата година се појави и веста дека клубот планира да изгради џамија во близина на стадионот „Емирати“.
„Топџиите“ редовно им честитаат верски празници на сите муслимани, а таквата содржина секогаш ќе биде поткрепена со фотографијата на Месут Озил.
Германецот со турско потекло може да се смета за прав амбасадор на својата религија. Месут се моли пред секое излегување на теренот и често зборува за „големата улога на исламот“ во неговиот живот. Еднаш за време на Ел Класико дури и се скарал со Давид Виља, кој според Озил го „навредил исламот“. „Ја штитев својата религија“, изјави после тој меч тогашниот фудбалер на Реал по инцидентот со Давид Виља.
Како побожен муслиман и голем верник, Езил бил и во Мека, а за време на големите верски празници се враќа кај роднините во Турција. По освојувањето на Светското првенство во 2014. година, Месут на Инстаграм објави фотографија од германското знаме на чија средина стоеше турското.
Европските муслимани беа воодушевени, а германските националисти се противеа: „Озил никогаш не ја пее химната, оди на аџилак во Мека и објавува двосмислени фотографии“, протестираа тие.
Благодарение на ваквиот друштвен живот многу муслимани го сакаат Озил. И заедно со него и Арсенал. Од таа причина неговите следбеници креваат знамиња на трибините на „Емирати“ и каде што игра германската фудбалска репрезентација.
Социјалните мрежи, меѓу другото, за таа цел ги користи и Шкодран Мустафи, новиот член на Арсенал. Мустафи има потекло од Македонија, од гостиварското село Србиново (се наоѓа во пазувите на Сува Гора, 20 километри источно од Гостивар).
„Шкодран годишно доаѓа по два-три пати во Србиново и Гостивар и многу сака да шетаме низ планините. Тој прво престојува во Србиново, а потоа оди во Гостивар каде што татко му изгради куќа. Пред неколку лета бевме по западниот дел на Македонија. Бевме во Маврово, Галичник и по долината на Радика. Тој сака да купи или да изгради куќа во село Маврово каде има одлични услови да тренира“ изјави пред неколку месеци неговиот втор братучед, 35-годишниот Фадиљ Мустафи.
Татко му на Шкодран, Кујтим е роден во Србиново во 1975. година. Неговиот татко Фарис работел во малото место Бебра, близу градот Фулта и по 8 години одлучил во Германија да го однесе целото семејство, а меѓу нив бил и тригодишниот Кујтим, таткото на Шкодран.
Во 1992. година се родил Шкодран, а во 2007. година татко му дошол во Србиново за да земе отпис од државјанството на Република Македонија за да може да извади германско државјанство со кое полесно можел да потпише договор со англискиот прволигаш Евертон. Покрај фотографии од натпреварите, патувањата и семејството, Шкодран објавува и религиозни постови. Тој е скромно момче и сосема поинаков од еден Мауро Икарди. Одбранбениот фудбалер никогаш не купувал прескапи коли и други луксузни работи, а на неговото неодамнешно воспитување немало спектакуларни работи. Направил венчавка во природа со многу роднини.
Шкодран е многу близок со татко му од кој е помлад 17 години. Татко му го сменил името и сега се вика Али Булут Мустафи. Тој не му е само татко туку и менаџер на неговиот син. Деновиве тој водел долги и напорни преговори со Арсенал.
„Верата не одржа нас да не залутаме од вртоглавата слава. Тој никогаш не пие алкохол и поради тоа имаше и проблем со пиварата спонзор на Валенсија“, вели татко му.
Шкодран е истот така единствениот играч од Бундеслигата кој не пиел алкохол на журката по повод освојувањето на Мундијалот во Бразил. Тој се забавувал и играл со идниот соиграч од Арсенал, Пер Мертезакер кој бил пијан. „Јас сум првиот Албанец кој го освоил Светското првенство“, изјавил Шкодран после триумфот на Германија во Бразил. Во опрема од германската репрезентација тој се сликаше со албанско знаме и направи селфи со Ангела Меркел. Себеси се сматра за Албанец кој се интегрирал во германското друштво.
Во Арсенал соиграч ќе му биде и Гранит Џака кој игра за Швајцарија но исто се смета за Албанец.
На 24 години Шкодран може да се пофали дека играл во најдобрите европски лиги. На 14 години почнал во академијата на Хамбург, потоа заигра во Евертон, па јадеше пица во Сампдорија и на крајот стана играч на шпанска Валенсија. На 17 години кога дошол во Евертон ги одбил Њукасл и Манчестер Сити. На „Гудисон Парк“ тој се чуствувал пријатно, но кај тренерот Дејвид Мојс на теренот се најде само 15 минути и тоа во Лига Европа против Бате Борисов. Мустафи не дебитираше во Премиер лигата.
Светското првенство го освои како играч на Сампдорија во која дојде како слободен играч во зимата 2012. година. Во првата сезона тој настапи на 33 меча, го даде и првиот гол во професионалната кариера и го заинтересира селекторот на Германија Јоаким Лев.
И покрај фактот што секогаш го нагласувал албанското потекло, тој ја избра репрезентацијата на Германија. Со Германија У-17 стана европски шампион а во 2014. година почнала борбата за него меѓу албанската и германската федерација. На крајот Шкодран ја избра Германија и некои Албанци го сметаа тоа за предавство.
На Мундијалот во Бразил, Мустафи дојде случајно: Марко Рој се повреди и наместо него Лев викна централен стопер во одбраната. Така стана и светски шампион и со тој статус стигна на „Местаља“ каде со Николас Отаменди беа партнери во дефанзивата. Таа сезона Валенсија прими 32 гола (три помалку од Атлетико а шест повеќе од Реал Мадрид) и заврши како четврта во Шпанија.
Арсен Венгер во тоа време го гледал од трибините.
Година дена подоцна, Мустафи остана без соиграчот кој замина во Сити и одбраната на Валенсија прими многу голови од просечни екипи како Хетафе, Рајо Ваљекано и Леванте. И во таа ситуација Германецот беше лидер, постојано најдобар на теренот и со Ајмен Абденур најзаслужни што Валенсија се спаси да не испадне од лигата.
Шкодран ја засакал Валенсија, во чест на клубот возел портокалов автомобил низ градот и јадел во морскиот ресторан “Панорама“. Во првото коло од Ла Лига 2016/2017, Мустафи го одигра последниот натпревар за Валенсија и загуби дома 2:4 од Лас Палмас. На тој меч Мустафи ја носеше капитенската лента и го одигра 78-от меч за клубот за кој даде и 6 голови.
„Времето поминато во Англија ми помогна да созреам. Од дете станав маж“, се сеќава Шкодран на периодот во Евертон.
После долгите европски патувања тој научил 4 странски јазици и ќе може да комуницира не само со Месут Озил и Гранит Џака, туку и со целиот англиски фудбал.