Шкодран Мустафи има гостиварско потекло и игра за германската фудбалска репрезентација со која го освои златото на Мундијалот лани. Во моментов е член на Валенсија, екипа чијшто спонзор е пиварата Естрела. На денешниот прес, Мустафи го отстрани шишето со пиво од масата, затоа што како што вели тој Исламот не дозволува никаква врска со алкохолот.