Брзиот Тотенхем
Дека нешто не е во ред со трансферот на Муса Сисоко во Евертон како да насети Роналд Куман. Стратегот на Евертон сакаше прв телефонски да му честита на францускиот репрезентативец за трансферот last minute. Договорено беше со Њукасл, со играчот, а имаше и дозвола од Франција да замине на Гудисон Парк за да потпише од каде испратија приватен авион. Но Сисоко не се качи во тој авион, туку полета за Лондон и потоа го крена дресот на Тотенхем кој ја зголеми понудата во последен момент.
Златни пари за тинејџер
Запаметете го името на Килиан Мбаппе. Се одбиваат ли 38 милиони евра за дете од 17 години кој има одиграно само 12 меча во првенство? Тоа го направи Монако, а парите ги понуди Манчестер Сити. Со 17 години и 62 дена, францускиот репрезентативец У19 стана најмлад стрелец во историјата на Монако и го урна рекордот на Анри.
Одговорот на Мустафи
Шкодран Мустафи беше името кое постојано се споменуваше на Твитер профилот на Арсенал. Извесен навивач, Даниел Флојд им напиша: Ако конечно го купуваме, давам 20 фунти за секој ретвит. По две недели од клубот му одговорија со видео од Германецот кој рече: Даниел, се надевам дека сега не треба да се каеш. Ретвитовите според математиката на Даниел чинат околу 150.000 евра.
Кам бек
На 13 март 2012-та, Шон Баркер, дефанзивец и капитен на Дерби Каунти во еден дуел толку настрада што потоа ногата мораше да му ја оперираат пет пати, а тој да му каже збогум на фудбалот. Летово неговиот поранешен тренер Најџел Клауд го повика во Бартон. Како си? Ќе можеш да игра? Ми треба некој што ќе расчистува топки во шеснаесетник? По 1.627 дена, Баркер се врати на терен и тоа токму против својот Дерби. Со солзи.
Гаф
За сума од 35 милиони евра малиот Кристал Палас на навивачите им донесе подарок кој изгледаше нереално. Дојде Кристијан Бентеке од Ливерпул кој се посрамоти на Твитер и напиша дека е фудбалер на Барнли, па уште и го напиша со две „л“. Се извини за гафот.