По вчерашниот избор, по кој Тавекио стана претседател на федерацијата, се огласија и некои бивши играчи од италијанското првенство, меѓу кои и легендарниот Патрик Виера, кој сега е тренер на младинскиот тим на Манчестер Сити.
„Овој избор покажува дека Италија е далеку од борбата против расизмот. Уште не можам да поверувам дека таков човек избраа за предводник на федерацијата“ – напиша Виера на социјалните мрежи.
Како поранешен играч на Јувентус, Виера вели дека во времето додека играл за клубот од Торино, расизмот не бил развиен како во последнава декада.
„Дури 63% од гласачите, колку што доби Тавекио, покажаа дека клубовите не се борат против расизмот и не сакаат да се соочат со тие проблеми. Со години играв во Италија и ја познавам проблематиката. Доколку во Англија некој политичар дадеше такви изјави, целосно ќе го дистанцираа. Мислам дека цела Италија, како земја, би требало да го изрази своето мислење во врска со борбата против расизмот“ – заклучил Виера во обраќањето до јавноста.
По бурната и валкана кампања во која битка водеа двајцата кандидати Албертини и Тавекио, вчерашниот избор за нов претседател на ФИГЦ помина сосема очекувано со скандали, туркања, плукања и вербални дуели.
Отворено за неговиот против кандидат, Деметрио Албертини беа Јувентус, Рома, Фиорентина, Емполи и Палермо, клубови кои јавно го обвинија Тавекио за непрофесионалност во работата.
Победата на Тавекио, како свој триумф го прославија претседатели на три клубови кои беа негови најголеми поддржувачи, Клаудио Лотито од Лацио, Аурелио Де Лаурентис од Наполи и Енрико Прециози од Џенова.