Долгата сага на трансферите

Летниот период за трансфери секоја година ни носи еден куп шпекулации во весниците кои на тој начин се обидуваат да ја зголемат продажбата. Некои од нив се остваруваат, а други се брзо се демантираат. Една од нејасните ситуации во моментов е онаа со фудбалерот на Јувентус, Артуро Видал кој чилеанските медиуми го пренесоа на „Олд Трафорд“.

Алфредо Ди Стефано

Легендата на Реал Мадрид се пресели во Шпанија за да игра за Барселона, откако колумбискиот тим Милионариос ја прифати понудата од Каталонците. Но по само неколку пријателски средби на Барса на кој одигра Ди Стефано, се вмеша Кралскиот клуб кој во меѓувреме се договори со Милионариос и го грабна напаѓачот пред стартот на сезоната.

Патрик Виера

Францускиот играч од средниот ред на Арсенал секое лето “заминуваше“ на Сантијаго Бернабеу. Откако Реал Мадрид го продаде Макелеле во Челси, бараше адекватна замена за таа позиција на која царуваше Виера. Во 2004 година кога речиси падна договорот за трансфер од 30 милиони фунти, Виера не замина во Мадрид поради несогласувања околу платата. По една година потпиша за Јувентус

Оби Микел

Контроверзниот трансфер на Микел во Челси мина со групно мешање на агенти, чудни ТВ интервјуа и смртни закани. Откако блесна на Светското првенство за играчи до 17 години во 2003 година, за него прв се заинтересира Манчестер Јунајтед од каде објавија дека станал нивни играч. Во меѓувреме интервенираа од Челси тврдејќи дека имаа договор со Микел, но тој потпиша за норвешниот клуб Лин. Репрезентативецот на Нигерија се соочи со смрни закани во својата земја, а кога требаше да настапи во Осло, исчезна. Фудбалерот го расчисти случајот откако се појави во Лондон со изјава дека бил притиснат да потпише за Јунајтед, а го посакувал Челси. На крајот се во случајот се вмеша ФИФА за да го реши во правен пат.

Рафаел ван дер Варт

Хамбург не му дозволи да замине за сума од 14 милиони евра во Валенсија, но од преголема желба да заигра за овој клуб тој самиот си се сликаше со белиот дрес. Ван дер Варт одби да заигра за својот клуб на европските натпреварувања со образложение дека се повредил на прстот откако го кревал синот во раце. Сагата во германскиот печат беше наречена “Ван дер Фарса“, а фудбалерот повика новинари во својот дом за да им раскаже дека сака да им ја исполни желбата на своите баба и дедо кои потекнуваат од Шпанија. Германците останаа до крај принципиелни и го држеа уште една година, а потоа го пратија во Реал Мадрид. Соиграчите од Хамбург за Божиќ му подарија дрес од Валенсија на кој пишуваше “Ван дер Верат“, во превод предавство.

Кристијано Роналдо

Откако во сезоната 2007/2008 постигна 42 гола беше јасно дека наскоро ќе го облече дресот на Реал Мадрид. Во Јунајтед заработуваше 120.000 фунти неделно, но неговата желба беше да биде поголема ѕвезда во Мадрид, отколку “роб“ покрај строгиот Фергусон. Сагата доминираше во летото 2008 година кога Роналдо се сложи да остане уште една година, а следната година медиумите се разочараа што не можеа да полнат уште весници со шпекулации бидејќи тој го официјализираше трансферот.

Франк Рибери

Како да сакаат да го купат секој добар фудбалер на планетата челните луѓе на Реал тргнаа и по Рибери во 2009 година. Тој во интервју за L'Equipe изјави: Се предомислив, сакам да заминам, тоа ќе биде или Реал или никој. Договорот наводно беше ист како тој со Роналдо, а тоа е Рибери да остане уште една година во Минхен па во 2010 година да им се приклучи на Галактикос. Но тој остана во Баерн со кој стана европски првак во 2013 година, а договорот го продолжи до 2017-та. 

Давид Виља

За иднината на шпанскиот напаѓач се зборуваше на големо две години пред да ја напушти Местаља. Беше поврзуван со Челси, а според шпекулациите беше на пад и за Манчестер каде го бараа и двете екипи. Најголема плата му нудеше Абрамович, но тој сакаше да остане во Шпанија. „Не ги затворам вратите во Реал или Барселона, имам 27 години и не знам каде ќе продолжам. Со Валенсија имам договор до мојата 32 година“, изјави Виља во декември 2009. По освојувањето на Мундијалот со Шпанија во 2010 година, Виља потпиша за Барселона за сума од 40 милиони евра.

Цеск Фабрегас

Желбата на Фабрегас беше да се врати во клубот каде што се калеше, но мораше да почека подолго време за да му се оствари сонот. По Светското во 2010 година веќе беше јасно дека ќе го напушти Арсенал откако шпанските репрезентативци од Барселона му го облекоа дресот, но тој пристигна на Камп Ноу на средината од август во 2011 година.

Нејмар

Од него се изнагледавме клипови како го дрибла пола Бразил, а големите европски клубови тргнаа офанзивно по него откако во 2011 година со Сантос ја освои Копа Липертадорес. Го бараа Челси, Барселона, Реал Мадрид и Анжи, но Нејмар инсистираше да остане во Сантос се до Мундијалот во 2014 година. Но една година претходно шпанската битка за него помеѓу Барселона и Реал, ја добија Каталонците со контроверзен трансфер во кој беше обвинуван неговиот татко за проневера со дел од парите.

Герет Бејл

Со оглед на неговите феноменални партии, како и трансформацијата од бек во напаѓач, за Герет Бејл беше јасно дека нема уште долго да настапува за Тотенхем. Велшанецот потпиша нов договор за да им стане крај на шпекулациите во медиумите кои направија шпанска серија со неговиот трансфер во Реал. Понудата гласеше 100 милиони евра со што Бејл навидум стана најскапиот фудбалер во историјата, но потоа сумата за него кога ја платија Кралевите се испостави дека изнесува 91 милион.