Како чиракот Клод Пуел учел од занаетчијата Венгер

Францускиот тренер Клод Пуел утревечер по трет пат сезонава ќе се сретне со својот некогашен учител од играчките денови во Монако. Кога Венгер ја освоил дебитантската титула на клупата на Монако, продолжена рака на теренот му бил борбениот Клод Пуел.

Кога Клод Пуел стигна во Саутемптон летово, тој не бил воопшто познат во Англија, освен за еден човек. За Арсен Венгер тоа било момент на гордост. Пуел е еден од позаслужните луѓе за раните успеси во тренерската кариера на Венгер кои му ја донесоа клупата на Арсенал, а за успешниот тренерски пат на Пуел најзаслужен е токму неговиот учител.

Пуел играл во Монако кога Венгер го водел овој тим до првата титула во првенството и прва негова како тренер. Но врската на овие двајца оди многу подалеку.

Венгер секако е еден од ветераните во англискиот фудбал но не е познат како смирен човек кога ќе губи. Неговите инструкции до Пуел да оди до крај и да го освои Лига Купот после мечот во кој „Топџиите“ рано испаднаа од натпреварувањето делуваа чудни.

Клод Пуел со успех го води Саутемптон

Нивното пријателство датира од првите денови на „професор“ Венгер во Монако. Во тој период Клод Пуел кој иако денес е релативно смирен човек, бил поинаков и важел за неверојатен борец на средината. Продолжена рака на Венгер на теренот.

„Пуел беше познат како фудбалер кој има одлични лизгачки стартови. Дури и пред финалето на францускиот Куп сабајлечки на загревањето лизгаше по теренот а јас немав проблем со тоа. Беше борец како играч, а ќе биде борец и како менаџер“, изјави Венгер летото 2016-та кога Клод стана тренер на Саутемптон.

Најуспешните генерации на Венгер се градеа околу такви играчи како Пуел. Во Арсенал ги имаше Патрик Виера и Емануел Пети. Ваквиот профил на играчи можеби најдобро ја рефлектираат личноста на Венгер кој секогаш имал добри односи со ваквиот тип на фудбалери.

Пуел веќе ги исфрли Арсенал и Ливерпул од Купот и влезе во финалето

И Пуел во играчките денови беше успешен, како Виера и Пети. Заедно со Венгер ја освоија Лига 1 со Монако во 1987/1988, со шест бодови повеќе од ривалот Бордо. Иако за Монако тогаш играле таленти како Глен Ходл, Патрик Батистон и Марк Хателеј, Пуел бил најважната фигура. Пропуштил само пет меча во шампионската сезона.

Двајцата во 1991 го освоиле и Купот на Франција, а стигнале и до финалето на Европскиот Куп на Куп победници каде Клод Пуел не играл.

Токму Венгер е главен „кривец“ што Пуел се решил да учи тренерски занает. Тој ја следел тренерската кариера на Арсен во Јапонија и во Англија, а цврсто решил да стане тренер откако Венгер ја освоил двојната круна со Арсенал во 1998. Арсен ја освои Премиер лигата во својата прва сезона во Арсенал каде го повтори дебитантскиот успех со Монако.

Како што му беше Виера во Арсенал, на Венгер му бил Пуел во Монако

„Тога имавме големи играчи и многу добар тим, но бевме отворени кон него уште од стартот. Немаше никакви проблеми. Арсен Венгер отсекогаш имаше аура - висок е, има стас, смирен е, имаше природно вроден авторитет. Се избори да придобие почит од играчите без да повишува тон“, се сеќава Клод Пуел.

Венгер одиграл и главна улога за неговиот тренерски пат. „Секако, Арсен беше многу важен за мене, научив многу од него за седум години во Монако. Помина долго време и сега е интересно да се види како големите тренери ја ценат мојата работа“, додава Пуел кој утре од 18:30 му гостува на Венгер на „Емирати“.

Откако од 2008 до 2011 го водеше Лион, Клод Пуел имал слободна година и отишол да ги гледа тренинзите на Арсенал благодарение на контактите со Венгер.

Може да биде горд на својот ученик

Но двајцата не се баш исти менаџери. Венгер отсекогаш ја покажувал важноста за добар однос со медиумите, додека Пуел не е толку разговорлив со новинарите како неговиот Професор. „Светците“ играат попрагматичен фудал, се бранат и повеќе се фокусираат да избегнат пораз отколку да бркаат победа. Арсенал е сосема поинаков.